Новиот евроамбасадор во земјава, данскиот дипломат Петер Соренсен, денеска пристигнува во земјава. Тој го заменува досегашниот амбасадор на ЕУ во земјава Ерван Фуере, кој во последниов период беше изложен на сериозни критики од владејачкото мнозинство.
Неофицијално е најавено е дека в петок, Соренсен ќе ги поднесе акредитивите до претседателот Ѓорге Иванов. Средбите со македонскиот државен врв се очекуваат од наредната недела.
Професор Димитар Мирчев вели дека Фуере успешно ја заврши својата дипломатска мисија.
„Незатворена остана неговата страница, не се успеа за време на неговиот мандат да добиеме датум за преговори и сега тоа е најголемиот предизвик за новиот амбасадор, Петер Соренсен.“
Мирчев очекува Соренсен успешно да ја води мисијата. Тој е добар познавач на регионот, данската дипломатија и е наклонета на Македонија уште од времето на Уве Елеман Јенсен, и трето тој е млад, а искусен дипломат, велиМирчев.
Фуере во последниов период беше мета на жестоки критики поради мешање во внатрешните работи на Македонија.
„Меѓутоа треба да се каже дека ние сме ги барале тие, новинарите барале изјави. Наши функционери, партиски, оделе кај него да бараат поддршка или изјава итн., што значи дека не е дека тој лично сакал да се меша, туку ние сме барале. Се на се, мислам дека заврши добра работа“, вели Мирчев.
Професор Тони Десковски, пак нагласува дека амбасадорот пренесува ставови и се однесува во согласност со инструкциите што ги добива од тие што го испратиле.
„Новиот претставник на ЕУ во Македонија ќе ја има задачата, исто како и неговиот претходник, да ги штити интересите на ЕУ и да ги застапува во Република Македонија, тоа е вообичаената функција на секој дипломат во една странска држава.“
Пратеникот Влатко Ѓорчев во настап во Европскиот парламент го спореди досегашниот евроамбасадор Ерван Фуере со советските дипломати во Чехословачка во 1969 година.
Премиерот Никола Груевски ја одлагаше прошталната средба со Фуере. На крај сепак се сретнаа. Во таа пригода, Фуере му подари на Груевски примерок од автобиографијата на Нелсон Мендела „Долгиот пат до слободата“.
„Оваа автобиографија за мене е голема инспирација и Нелсон Мендела е жив пример на промовирањето на политиката на помирување и дијалог. Се надевам дека таа ќе стане водич и инспирација и за премиерот Груевски во справувањето со предизвиците со кои се соочува земјата“, рече Фуере.
Претходно, вицепремиерот задолжен за европски прашања Васко Наумовски му подари на Фуере карикатура, на која евроамбасадорот е нацртан како излегува од фрижидер.
Новиот евроамбасадор, данскиот дипломат Петер Соренсен беше личен пратеник на поранешниот висок претставник на ЕУ за надворешна и безбеднсона политика Хавиер Солана во Белград и шеф на канцеларија на Унијата во Косово. Ирецот Ерван Фуере ја претставуваше ЕУ во Македонија од ноември 2005 година. Неговиот мандат на два пати беше продолжуван по шест месеци.
Незатворена остана неговата страница, не се успеа за време на неговиот мандат да добиеме датум за преговори и сега тоа е најголемиот предизвик за новиот амбасадор, Петер Соренсен.
Неофицијално е најавено е дека в петок, Соренсен ќе ги поднесе акредитивите до претседателот Ѓорге Иванов. Средбите со македонскиот државен врв се очекуваат од наредната недела.
Професор Димитар Мирчев вели дека Фуере успешно ја заврши својата дипломатска мисија.
„Незатворена остана неговата страница, не се успеа за време на неговиот мандат да добиеме датум за преговори и сега тоа е најголемиот предизвик за новиот амбасадор, Петер Соренсен.“
Мирчев очекува Соренсен успешно да ја води мисијата. Тој е добар познавач на регионот, данската дипломатија и е наклонета на Македонија уште од времето на Уве Елеман Јенсен, и трето тој е млад, а искусен дипломат, вели
Новиот претставник на ЕУ во Македонија ќе ја има задачата исто како и неговиот претходник да ги штити интересите на ЕУ и да ги застапува во Република Македонија, тоа е вообичаената функција на секој дипломат во една странска држава.
Фуере во последниов период беше мета на жестоки критики поради мешање во внатрешните работи на Македонија.
„Меѓутоа треба да се каже дека ние сме ги барале тие, новинарите барале изјави. Наши функционери, партиски, оделе кај него да бараат поддршка или изјава итн., што значи дека не е дека тој лично сакал да се меша, туку ние сме барале. Се на се, мислам дека заврши добра работа“, вели Мирчев.
Професор Тони Десковски, пак нагласува дека амбасадорот пренесува ставови и се однесува во согласност со инструкциите што ги добива од тие што го испратиле.
„Новиот претставник на ЕУ во Македонија ќе ја има задачата, исто како и неговиот претходник, да ги штити интересите на ЕУ и да ги застапува во Република Македонија, тоа е вообичаената функција на секој дипломат во една странска држава.“
Досегашниот евроамбасадор Ерван Фуере облечен како комита, на манифестацијата Етноград Крушево на 19 јули 2010 година