Достапни линкови

Ќе ја задржи ли НБРМ, независноста?


Зградата на Народна Банка на Македонија, НБМ
Зградата на Народна Банка на Македонија, НБМ

Потребна е соработка, но не и ситуација на притисок врз Народната банка од страна на владата, велат експертите.

Потребна е поголема соработка на Народната банка и владата за реализирање на вкупната економска политика, особено во земјите во развој, како што е Македонија, посочуваат познавачите што ги консултиравме.

Поранешниот гувернер на НБРМ Љубе Трпески вели дека Народната
НБРМ и извршната власт не треба да бидат спротивставени институции, туку институции коишто водат координирана монетарна и фискална политика пред се и на тој начин подобри резултати можат да се постигнат.

банка не може да прима наредби од владата во врска со исполнувањето на главните цели – одржување на ценовната и финансиска стабилност.

„НБРМ и извршната власт не треба да бидат спротивставени институции, туку институции кои што водат координирана монетарна и фискална политика пред се, и на тој начин може да се постигнат подобри резултати. Развиените земји можат да си дозволат и луксуз да имаат спротивставеност, меѓутоа во земјите во развој е подобро да имаат тесна координација.“

Го прашавме Трпески каде е границата меѓу притисок и соработка меѓу Народната банка и владата:

Новиот гувернер на НБРМ Димитар Богов - треба да соработува со владата, но да не дозволи притисоци

„Притисок би било ако извршната власт се меша во секојдневното делување на Централната банка пред се во употребата на инструментите за регулирање на паричната маса, меѓутоа во поглед на стратешките цели на монетарната политика потребна е соработка и координација.“

Поранешниот вицегувернер Томе Неновски верува дека НБРМ ќе ја задржи независноста од централната власт, но потенцира дека Централната банка не е издвоена институција која дејствува сама за себе и за своите зацртани цели, туку и за цели за кои има поширок
Притисок би било ако извршната власт се меша во секојдневното делување на Централната банка пред се во употребата на инструментите за регулирање на паричната маса, меѓутоа во поглед на стратешките цели на монетарната политика потребна е соработка и координација.
општествен и економски интерес.

„Централната банка и во претстојниот период ќе треба да биде во блиска соработка со целината на сите останати макро-економски политики, а пред се со фискалната политика која е нејзина сестра близначка и на тој начин во тоа едно хармонизирано дејство да се остварува она што сите ние би сакале да го доживееме, да го видиме во претстојниот период, а тоа е да имаме стабилен макроекономски амбиент преку кој ќе се остварува основната цел, односно остварување на што поголем раст на економијата.“

Неновски вели дека гувернерот може да прифати само препораки што ќе одат во функција на остварување на основните цели на макроекономската политика.

„Оној притисок кој што ние го знаеме од минатите времиња кога по телефон се даваа наредби, колку пари да се пуштат во економијата или како да се дејствува од страна на Централната банка е драстично надминат и сметам дека тоа ќе биде пракса и во иднина.“

Гувернерот во заминување Петар Гошев му порача на својот наследник Димитар Богов, да ја сочува независноста на Народната банка од политички притисоци.
  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG