Можеби инфлацијата е 5 отсто, ама нам ни се чини како да е 50, велат граѓаните што ги анкетиравме во центарот на Скопје.
Народната банка вчера ги ревидираше проекциите за инфлацијата за годинава. Според ревидираните проекции, од април до јуни годинава инфлацијата се проценува на 5-5,5 отсто. За целата година се очекуваинфлацијата да се движи меѓу 4,5 и 5 отсто, наспроти јануарските проекции за годишна инфлација од 1,5 до 2 отсто. Во првите три месеци годинава инфлацијата достигна 4,1 отсто, наспроти очекуваните 2,5.
Зголемувањето најмногу се должи на поскапувањето на храната, а во помал дел и на струјата, нафтата и греењето – таму каде што најмногу ги „боли“ граѓаните.
„Било за кое парче да се фатите се е скапо. Што да јадеме? Што да ви кажам, после војната во 1950-тите години имавме „труманови“ јајца, млеко, Америка не поддржуваше, а сега е ужасно. Тие што имаат над 1000 евра можат да издржат, а ние сиромашни.“
„Од 5-6% е зголемена инфлацијата, ама колку е тоа реално е прашање. Јас мислам дека е повеќе од таа цифра што е официјална.“
„Храната, сметките, струјата, се е поскапено... Па речиси и дупло.“
Поранешниот гувернер на Народната банка Љубе Трпески вели дека со инфлација годинава се соочува целиот свет. Инфлацијата е увозна и државата не може да направи многу за да ја заузда, вели тој.
„Единствено што можеме е со некои социјални мерки да преземаме или да презема владата за најзагрозените делови од населението да можат полесно да ја пребродувааткризата, инаку факторите не се домашни за оваа инфлација и не може многу ниту Централната банка да направи, ниту владата за разрешување на тој проблем. Единствено што може да направи е ублажување со социјални мерки, а тие се преземаат единствено со средства од буџетот.“
Според очекувањата на Народната банка, поскапувањата ќе ја намалат реалната плата за еден отсто. Гувернерот во заминување Петар Гошев објаснува дека намалувањето на реалната плата не значи дека граѓаните ќе заработуваат помалку пари, туку дека парите помалку ќе вредат, односно ќе „ги изеде“ инфлација.
Народната банка вчера ги ревидираше проекциите за инфлацијата за годинава. Според ревидираните проекции, од април до јуни годинава инфлацијата се проценува на 5-5,5 отсто. За целата година се очекува
Од 5-6% е зголемена инфлацијата, ама колку е тоа реално е прашање. Јас мислам дека е повеќе од таа цифра што е
официјална.
Зголемувањето најмногу се должи на поскапувањето на храната, а во помал дел и на струјата, нафтата и греењето – таму каде што најмногу ги „боли“ граѓаните.
„Било за кое парче да се фатите се е скапо. Што да јадеме? Што да ви кажам, после војната во 1950-тите години имавме „труманови“ јајца, млеко, Америка не поддржуваше, а сега е ужасно. Тие што имаат над 1000 евра можат да издржат, а ние сиромашни.“
„Од 5-6% е зголемена инфлацијата, ама колку е тоа реално е прашање. Јас мислам дека е повеќе од таа цифра што е официјална.“
Храната, сметките, струјата, се е поскапено... Па речиси и дупло.
„Храната, сметките, струјата, се е поскапено... Па речиси и дупло.“
Поранешниот гувернер на Народната банка Љубе Трпески вели дека со инфлација годинава се соочува целиот свет. Инфлацијата е увозна и државата не може да направи многу за да ја заузда, вели тој.
„Единствено што можеме е со некои социјални мерки да преземаме или да презема владата за најзагрозените делови од населението да можат полесно да ја пребродуваат
Единствено што можеме е со некои социјални мерки да презема владата за најзагрозените делови од населението.