Резимирајќи ги остварувањата на Народната Банка во изминатите седум години, Петар Гошев оцени дека е дадена значајна поддршка на економијата преку одржување на ценовната стабилност, стабилен девизен курс, раст на девизните резерви, одржување на стабилен банкарски систем и функционални платни системи. Инфлацијата во периодот од 2004 заклучно со април 2011 та година изнесува 2,2 проценти во просек, рече Гошев, а за барањата кои може да се слушнат за повисока стапка на инфлација, рече дека во тој случај тие што го подржуваат ова треба да соопштат дали и девизниот курс би требало да се промени и каква корсит тогаш би имала економијата.
„Ние знаеме дека има заговорници коишто бараат повисоки стапки на инфлација, ама не знаеме како тоа би се искомбинирало со стабилен девизен курс.“
На Димитар Богов, кој е избран за негов наследник, а функцијата официјално ја презема на 24 овој месец, Гошев му порача дека најважано е да ја обрни независноста на Централната банка.
„Воопшто не се сомневам дека работата на Централната банка, не само дека ќе продолжи, туку дека ќе биде унапредена уште повеќе во наредниот период. Клучно прашање е независноста на Централната банка. Според законот, тие што може да се мешаат, да не се мешаат таму каде што не им е местото.“
Извешатјот на НБРМ за изминатите 7 години е на над 400 страници. Светската економска криза е една од тешкотиите со кои тој се соочил во време на неговиот манадат, но како што рече имало други предизвици.
„Кога некои луѓе бараа девалвација, ја поткопуваа довербата во домашната валута.“
По заминувањето од функцијата, Гошев, барем до претстојните избори, како што рече, нема да се врати во политичкиот живот. Во извештајот, во сите домени на работењето на НБРМ, тој нагласи дека одржувањето на стабилноста на девизниот курс било клучно за стабилноста на цените и за одржувањето на стабилни инфлациски очекувања. Во делот на ризици на банкарскиот систем, тој оцени дека тие се намалени, но дека тие доаѓаат од секторот население и од корпоративниот сектор. Гошев нагласи дека она што загрижува е задолженоста на корпартивниот сектор. Со раст од 20,6 проценти на кредити, а само 2,6 на бруто домашниот производ, Гошев оцени дека тоа значи дека и други фактори во економијата влијаеле повеќе отколку само кредитниот раст.
Ние знаеме дека има заговорници коишто бараат повисоки стапки на инфлација, ама не знаеме како тоа би се искомбинирало со стабилен девизен курс.
„Ние знаеме дека има заговорници коишто бараат повисоки стапки на инфлација, ама не знаеме како тоа би се искомбинирало со стабилен девизен курс.“
На Димитар Богов, кој е избран за негов наследник, а функцијата официјално ја презема на 24 овој месец, Гошев му порача дека најважано е да ја обрни независноста на Централната банка.
„Воопшто не се сомневам дека работата на Централната банка, не само дека ќе продолжи, туку дека ќе биде унапредена уште повеќе во наредниот период. Клучно прашање е независноста на Централната банка. Според законот, тие што може да се мешаат, да не се мешаат таму каде што не им е местото.“
Воопшто не се сомневам дека работата на централната банка, не само дека ќе продолжи, туку дека ќе биде унапредена уште повеќе во наредниот период. Клучно прашање е независноста на централната банка, според законот, тие што може да се мешаат да не се мешаат таму каде што не им е местото.