Македонските граѓани и годинава ќе немаат пари за да трошат повеќе и со тоа да влијаат на зголемување на цените, проценува НБРМ. Зголемената инфлација во земјава е увозна. Најмногу се должи на поскапувањето на храната и во помал дел на поскапувањето на струјата, нафтата и греењето. Гувернерот во заминување Петар Гошев вели дека инфлацијата е поттикната, а не е резултат на зголемена домашна побарувачка. Во првите три месеци годинава инфлацијата достигна 4,1 отсто, наспроти јануарските предвидувања за инфлација во првиот квартал од 2,5 отсто.
НБРМ направи ревизија на макроекономските проекции за 2011 година. Според ревидираните проекции, за периодот од април до јуни годинава се очекува инфлацијата да биде меѓу 5 и 5,5 отсто, а за цела 2011 година меѓу 4,5 и 5 отсто.
Според очекувањеата на НБРМ, реалната плата годинава ќе се намали за околу 1 отсто, иселениците ќе праќаат помалку пари, а граѓаните ќе земаат малку кредити.
„Значи, севкупно, компонтентите на личната потрошувачка не формираат расположлив доход кој што би можел да притисне кон поголем раст на цените. Затоа останува претежно увезената инфлација, а не инфлација поттикната од домашната агрегатна побарувачка“, вели гувернерот во заминување Петар Гошев.
Тој објаснува дека намалувањето на реалната плата не значи дека граѓаните ќе заработуваат помалку пари, туку дека парите помалку ќе вредат, односно ќе „ги изеде“ инфлацијата.
Сепак, и покрај зголемената инфлација, Народната банка не ги зголемува каматите. Гошев вели дека нема доволно јасни аргументи за промена на монетарната политика. Тој посочува дека Народната банка одлучила да не ги зголемува каматите затоа што очекува инфлацијата да се намали во втората половина од годинава. Ако се проценува дека инфлацијата ќе се намали и без интервенција на НБРМ, заострувањето на монетарната политика би било штетно за економијата, вели Гошев.
„Ако се пожилави факторите на нејзино одржување ќе реагира, и на инфлација од 4,5 и на 3,5 отсто ќе реагира НБРМ со затегнување на монетарната политика. Сега засега, оценките се дека можно е и многу веројатно е дека во втората половина од годината да почне тренд на забавување на растот на инфлацијата. И тоа е главна причина зошто мислиме дека треба да почекаме со интервенција.“
Според ревидираните проекции на НБРМ, во 2011 година се очекува раст на БДП од околу три отсто. Дефицитот на тековната сметка ќе биде 6,1 процент од БДП на годишно ниво. Нивото на девизни резерви е проектирано на 1.908 милиони евра.
Компонтентите на личната потрошувачка не формираат расположлив доход кој што би можел да прерасне кон поголем раст на цените. Затоа останува увезената инфлација, а не инфлација поттикната од домашната
агрегатна
побарувачка.
НБРМ направи ревизија на макроекономските проекции за 2011 година. Според ревидираните проекции, за периодот од април до јуни годинава се очекува инфлацијата да биде меѓу 5 и 5,5 отсто, а за цела 2011 година меѓу 4,5 и 5 отсто.
Според очекувањеата на НБРМ, реалната плата годинава ќе се намали за околу 1 отсто, иселениците ќе праќаат помалку пари, а граѓаните ќе земаат малку кредити.
„Значи, севкупно, компонтентите на личната потрошувачка не формираат расположлив доход кој што би можел да притисне кон поголем раст на цените. Затоа останува претежно увезената инфлација, а не инфлација поттикната од домашната агрегатна побарувачка“, вели гувернерот во заминување Петар Гошев.
Тој објаснува дека намалувањето на реалната плата не значи дека граѓаните ќе заработуваат помалку пари, туку дека парите помалку ќе вредат, односно ќе „ги изеде“ инфлацијата.
Сега за сега, оценките се дека можно е и многу веројатно е дека во втората половина од годината да почне тренд на забавување на растот на инфлацијата. И тоа е главна причина зошто мислиме дека треба да почекаме со интервенција.