Лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски нема да учествува на вечерашната лидерска средба кај претседателот Ѓорѓе Иванов, на која беа поканети само Црвенковски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски и на ДУИ Али Ахмети. Според Црвенковски средба во таков состав нема логика ниту на релација власт и опозиција, ниту по етничка припадност.
„Не гледам зошто би одел на средба во состав кој не гарантира минимум неопходен консензус за утврдување на фер правила на игра за претстојните парламентарни избори. И второ, уште помалку имам намера да бидам покритие за средба меѓу Груевски и Ахмети на која тие ќе ги надминуваат своите коалициски меѓупартиски недоразбирања и пазарења”, изјави Црвенковски.
Тој го повика Иванов да свика вистинска логична лидерска средба.
„Таа е потребна и неопходна. Тоа не е прашање на волја на претседателот. Во вакви политички околности тоа е и негова обврска. И однапред кажувам дека во тој случај со задоволство на таквата средба ќе присуствувам”.
Членот на извршниот одбор на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Јанкулоска вели дека Црвенковски со таквиот чекор покажал дека бега од средбата кај Претседателот и оти предложениот формат имал сериозна логика. Партијата побара Иванов да го прифати составот кој ќе му одговара на Црвенковски.
„Со цел да не му се дава алиби на Црвенковски да продолжи со неговото деструктивно сценарио за Република Македонија. Господине Црвенковски донесете кого сакате и каде сакате. Ние ве чекаме. Нема веќе бегање и нема веќе криење”, изјави Јанкулоска.
Од ДУИ велат дека Ахмети ќе присуствува на средбата. Според Џеват Адеми, лидерската средба е со цел да се решат предусловите на СДСМ за предвремени избори, бидејќи само таа партија го кочи нивното одржување.
„Само блокот политички партии околу СДСМ чиј претставник е Бранко Црвенковски имаат барања. Другите опозициони партии на пример ЛДП и Нова Демократија имаат едно барање-предвремени избори и тие не бараат лидерска средба. Господинот Црвенковски треба да се реши дали бара решение или е против изнаоѓање на решение.“
Средбата, како што соопшти кабинетот на Претседателот, беше закажана со цел да се надминат отворените политички прашања околу предвремените парламентарни избори, бојкотот на Собранието и обновување на дијалогот меѓу власта и опозицијата.