Достапни линкови

Етно составот „Монистра“ на светските сцени


Членовите на етно составот ,,Монистра"
Членовите на етно составот ,,Монистра"

Eтно-составот МОНИСТРА во петок ќе одржи концерт пред македонската публика, а веднаш потоа ја започнува новата серија концерти низ Европа со хрватската група АФИОН.

Александар Јовевски – кавал, тамбура и гајда, Јован Стрезовски и Филип Николовски – тамбури, Бојан Колевски – клавијатури, Марјан Андоновски – ударни инструменти и Габриела Јанушевска – вокал, или заедно МОНИСТРА, по подолго време, повторно ќе музицираат пред скопската публика. По успешните концерти во Израел, Египет и во земјите од регионов со кои тие стекнаа статус на вистинска концертна атракција и амбасадори на
Материјалот за овој концерт ќе биде од албумот, но ќе има и нови композиции кои ќе бидат премиерно изведени на овој концерт, така што подготовките повеќе беа околу новите композиции.
македонскиот музички јазик, тие овој петок, од 20 часот, ќе се претстават во домот на Армијата на Република Македонија.

„Материјалот за овој концерт ќе биде од албумот, но ќе има и нови композиции кои ќе бидат премиерно изведени на овој концерт, така што подготовките повеќе беа околу новите композиции“, истакнува Јовевски.

По овој концерт, тој веднаш заминува на планираната турнеја со АФИОН.

„После концертот патувам за Хрватска, значи на 26-ти имаме концерт во Осиек, потоа продолжуваме за Шведска и Данска каде што имаме организирано околу 10-тина концерти.“

МОНИСТРА во своето деветегодишно постоење има објавено само еден албум кој одлично помина кај публиката, па затоа членовите на составот веќе подолго време се подготвуваат за своето второ издание за кое Јовевски забележува дека ќе донесе помодерен призвук.
Тоа е еден етно фестивал што се одржува во повеќе држави, го има во Шведска, во Хрватска, Данска, Естонија и ред други земји па се надевам дека јас ќе бидам тој што ќе го покрене тој фестивал и во Македонија.


„Стилот отприлика останува исти меѓутоа на вториот албум, половина од албумот ќе биде со инструментот клавијатури, а половина без него, значи тоа е ново, а во вториот албум е вклучена и гајдата и секако бас тамбурата што ја немаше во претходниот албум, така што на звук се добива многу повеќе. Динамиката ќе биде брза и се надевам април-мај дека ќе влеземе во студио и дека ќе го снимеме албумот, а 2011 година се надевам дека ќе направиме еден премиерен концерт во Универзална сала.“

Инаку, во периодов што следува, Александар ќе патува и на етно семинар во Париз каде, како што вели, ќе бидат присутни најпознатите етномузиколози од светот, по што тој има намера стекнатите искуства да ги примени во организација на првиот летен етно фестивал во Македонија.

„Тоа е еден етно-фестивал што се одржува во повеќе држави, го има во Шведска, во Хрватска, Данска, Естонија и ред други земји па се надевам дека јас ќе бидам тој што ќе го покрене тој фестивал и во Македонија. Млади музичари се собираат на тој фестивал, свират фолклорна музика и тоа е преубаво пред се музичко дружење.“
  • 16x9 Image

    Љупчо Јолевски

    Како новинар, водител и уредник Јолевски во новинарството е безмалку 4 децении. Кариерата ја почнал во Млад Борец на почетокот од 1980-тите. Потем долги години бил во Телевизија Скопје и во Македонското радио - Втора програма, како и во други медиуми. Во Радио Слободна Европа Јолевски е од самиот почеток на емитувањето на програмата на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG