По поддршката на парламентот за измени на Уставот по однос на екстрадицијата на граѓани кои имаат двојно државјанството, партиите повторно почнаа да расправаат за своите барања. Опозициските партии од албанскиот блок го ставија на дневен ред нивното старо барање за Бадинтер во судството. Во СДСМ се интересираат да не застаруваат делата за злоупотреби на транформација на капитал.
Либерал-демократската партија посебно инсистира на намалување на бројот на пратеници од 120 на 90. За ова експертите велат дека политичките партии треба да се изјаснат и да гo кажат нивното видување и оценки дали се потребни промени, што може брзо или поспоро да се менува и која е идејата за вакви промени.
„Дали е идејата одолговлечување, дали е идејата одредени политички маркетинзи или се навистина желби да се промени нешто во Уставот што понатаму ќе ја подобри состојбата во Македонија?“, изјави Маргарита Цаца Николовска.
Познато е дека и минатата година владата иницираше измени на Уставот заради членот кој се однесува на составот на РСС, но таа иницијатива не доби поддршка кај самите коалициски партнери и пошироко. Измени во делот на Судскиот совет секако дека се потребни, но вакви брзи измени незнам колку би довеле до резултат заради тоа што судството е комплексна материја и треба да се гледа малку пошироко, коментира Николовска.
Исто така и албанските опозициски партии иницираа други прашања.
Според Бајрам Положани, професор по уставно право, највисокиот правен акт со околу 30 амандмани е толку често менуван и во контекст на евроинтеграциските процеси време кога земјата треба да подготви друг Устав. Албанските партиии имаат свои барања за објаснување на одредбите за поширока употреба на албанскиот јазик:
„Прашањата за кои се донесува закон со Бадинтерово мнозинство исто така не се заштитени, законите што се донесени со консензуална демократија, овие прашања се уредени со Деловникот и за сите треба уставотворецот да ги определи начините на одлучување“, вели Положани.
Инаку последните барања на политичките партии, според Николовска, не покажуваат дека има недоречености во Уставот. Не се однесуваат на нешто што не е доречено во Уставот, туку тоа се нови барања кои како такви треба да се третираат и елаборираат и значат сериозни промени на Уставот. Според неа, во одредени делови е потребна промена, но прашање е дали ќе може да се направат во исто време. Друго е прашањето и на договaрањето меѓу политичките партии.
„Логично е да се очекува политичките партии како политички субјекти секоја прилика која им дава можност за посебна афирмација во јавноста да ја користат, а уште повеќе кога се во прашање евентуални измени на Уставот на РМ и нормално е дека опстојуваат доколку нивниот капацитет е важен за донесување на таквата одлука“, посоочува Положани.
Тоа е време, тоа се консултации и постапка која не може така брзо да се заврши, вели Николовска.
Дали е идејата одолговлечување, дали е идејата одредени политички маркетинзи или се навистина желби да се промени нешто во Уставот што понатаму ќе ја подобри состојбата во Македонија?
Либерал-демократската партија посебно инсистира на намалување на бројот на пратеници од 120 на 90. За ова експертите велат дека политичките партии треба да се изјаснат и да гo кажат нивното видување и оценки дали се потребни промени, што може брзо или поспоро да се менува и која е идејата за вакви промени.
„Дали е идејата одолговлечување, дали е идејата одредени политички маркетинзи или се навистина желби да се промени нешто во Уставот што понатаму ќе ја подобри состојбата во Македонија?“, изјави Маргарита Цаца Николовска.
Познато е дека и минатата година владата иницираше измени на Уставот заради членот кој се однесува на составот на РСС, но таа иницијатива не доби поддршка кај самите коалициски партнери и пошироко. Измени во делот на Судскиот совет секако дека се потребни, но вакви брзи измени незнам колку би довеле до резултат заради тоа што судството е комплексна материја и треба да се гледа малку пошироко, коментира Николовска.
Логично е да се очекува политичките партии како политички субјекти секоја прилика која им дава можност за посебна афирмација во јавноста да ја користат, а уште повеќе кога се во прашање евентуални измени на
Уставот.