Роденденот на уметноста е традиционален годишен настан, за прв пат предложен од страна на францускиот уметник Роберт Филиу, далечната 1963 година. По неговата смрт, во декември 1987, се формира меѓународна организација која ја презема одговорноста за славењето на овој ден, наречена Вестерн фронт.
Имено, според Филиу, уметноста не постоела пред милион години туку еден ден, на 17 јануари, таа конечно се родила. Тој, предлага овој датум да се одбележува како национален празник со тоа што ќе се слави присутноста на уметноста во нашите секојдневни животи. Од година во година, оваа идеја успева да воодушеви се повеќе уметници и пријатели на уметноста кои се вклучуваат кон овој настан преку Вестерн фронт , организација, каде се разменуваат идеи и уметност преку различните алатки за телекомуникација.
Уметниците започнуваат да го слават овој ден со отмени забави и дружења, потоа со меѓународни честитки и официјална кореспонденција, преку уметност искажана со имејл пораки, поштенски пратки, телеграми, музика наменски компонирана, за на крај, сето да се слави преку Интернет благодарение на еволуцијата на технологијата.
За своето прво вклучување во оваа манифестација МКЦ подготви специјална програма во која ќе бидат вметнати настани поврзани со сите жанрови на уметноста. Така во Галеријата ќе може да се проследи изложбата на уметниците Калиопи Илиевска и Мила Ивановска со дела од нивниот дипломски труд како и дела настанати во текот на своите студии на Факултетот за ликовни уметности во Скопје. Циклусот на слики на Ивановска носи наслов Разговор со мојата душа (моето огледало), а Илиевска својот циклус го наслови Лична легенда.
Ќе биде промовиран и краткиот роман Приказни за август од Дејан Велкоски, автор, зад кого стои издавачката куќа Антолог, а потоа планирано е да биде прикажан филмот Пејзаж 2 на Винко Модерндорфер каде играат: Марко Мандиќ, Петар Мусевски, Јанез Хочавер и други.
И, конечно првото прославување на Роденденот на уметноста во Македонија ќе биде заокружено со претставувањето на проектот Оди на Исток млад човеку! зад кој стојат македонскиот џез гитарист Тони Китановски, турскиот перкусионистот Изет Кизил и грчкиот контрабасист Костас Теодору. Нивниот настап во киното Фросина ќе биде продолжение на соработката иницирана 2003 година во Бон, Германија кога тројцата извонредни инструменталисти беа членови на составот на нивниот заеднички пријател бугарскиот кавалџија Теодосиј Спасов, а која пак беше формализирана минатата година на Битолско културно лето по што беше снимен и албум чие излегување и дистрибуција допрва се очекуваат.