Истекот на рокот за приватизација на градежното земјиште со или без надомест на 27 јануари создава нервози и паника кај прилепчани кои секој ден чекаат во темните ходници на локалната самоуправа за да си го откупат дворното место по цена од едно евро за метар квадратен. Но, најголем дел од нив немаат доволно информации зошто е оваа измена. Друг дел граѓани пак реагираат затоа што не можат да ги легализираат куќите каде што живеат, зашто речиси за половина од 1500 хектари од градот нема детални урбанистички планови.
„Чекам два дена три, ама мене ми бараат и за куќата да платам, дворно место не е куќата, плански е изградена куќата. Зошто дворно место куќата, 150 квадрати, не влегува, 150 евра ми бараат, дворно место е 60.“
„Си имаме и тапија и платено се, луѓево турски тапии имаат, па местава му се ослободуваат, а ние што се вели југословенски да речам, па не знам зошто повторно се процедуриве и работа, дали за пари да паѓаат или?!“, реагираат Павле Трајкоски и Спиро Николоски.
Од локалната самоуправа им сугерираат на граѓаните да почекаат да се донесат деталните урбанистички планови. Прилепската локална самоуправи најави и дека преку ЗЕЛС ќе побара да се пролонгира законскиот рок за приватизација на градежното земјиште.
„Граѓаните значи треба да го почекаат до донесувањето на деталните урбанистички планови. Десет милиони денари предвидени се со кои се очекува 23 отсто од површината на градот од 1500 хектари да се покријат со детални урбанистички планови, кои се оперативни и кои се прагматични за спроведување“, најави Бранко Нешкоски, директорот на јавното претпријатие за просторни и урбанистички планови.
Советниците од СДСМ забележуваат дека во изминатите 5 години, локалната самоуправа, освен за уредување на парковите пред станбените згради во Прилеп, воопшто не посветила внимание на решавање на овој проблем, кој е клучен за урбанизација, но и побрз економски развој на градот. Меѓутоа од локалната самоуправа се правдаат дека станува збор за тешки и сложени постапки и тврдат дека направено е многу на тој план.
„За 55 години луѓево не успеале да направат 40 отсто, сега преку ноќ да направиме. За 60 отсто од градот има, но тие се вака, фрли ги в река, не чинат тие детални урбанистички планови“, оценува Нешкоски.
Според него, урбанизацијата на градот е условена од законот за третман на бесправните градби, кој што се очекува да биде донесен наскоро. Без примена на тој закон, не може да се донесат деталните урбанистички планови. Во локалната самоуправа исто така велат дека доколку не се пролонгира законската можност за откуп на дворно место, граѓаните ќе бидат оштетени, зашто наместо да го откупат земјиштето, ќе требаа за век да плаќаат закуп. Според анализите на дел граѓани пак, постапката за откуп на дворното место, без урбанистички планови би ги чинела прескапо дури и до 2000 евра.
Си имаме и тапија и платено се, луѓево турски тапии имаат, па местава му се ослободуваат, а ние што се вели југословенски да речам, па не знам зошто повторно се процедуриве и работа, дали за пари да паѓаат или?!
„Чекам два дена три, ама мене ми бараат и за куќата да платам, дворно место не е куќата, плански е изградена куќата. Зошто дворно место куќата, 150 квадрати, не влегува, 150 евра ми бараат, дворно место е 60.“
„Си имаме и тапија и платено се, луѓево турски тапии имаат, па местава му се ослободуваат, а ние што се вели југословенски да речам, па не знам зошто повторно се процедуриве и работа, дали за пари да паѓаат или?!“, реагираат Павле Трајкоски и Спиро Николоски.
Од локалната самоуправа им сугерираат на граѓаните да почекаат да се донесат деталните урбанистички планови. Прилепската локална самоуправи најави и дека преку ЗЕЛС ќе побара да се пролонгира законскиот рок за приватизација на градежното земјиште.
„Граѓаните значи треба да го почекаат до донесувањето на деталните урбанистички планови. Десет милиони денари предвидени се со кои се очекува 23 отсто од површината на градот од 1500 хектари да се покријат со детални урбанистички планови, кои се оперативни и кои се прагматични за спроведување“, најави Бранко Нешкоски, директорот на јавното претпријатие за просторни и урбанистички планови.
Советниците од СДСМ забележуваат дека во изминатите 5 години, локалната самоуправа, освен за уредување на парковите пред станбените згради во Прилеп, воопшто не посветила внимание на решавање на овој проблем, кој е клучен за урбанизација, но и побрз економски развој на градот. Меѓутоа од локалната самоуправа се правдаат дека станува збор за тешки и сложени постапки и тврдат дека направено е многу на тој план.
За 55 години луѓево не успеале да направат 40 отсто, сега преку ноќ да направиме. За 60 отсто од градот има, но тие се вака, фрли ги в река, не чинат тие детални урбанистички
планови.