Достапни линкови

Економски напредок само на хартија


Недостапноста на пари за старт на бизнис и партизираната држава, според познавачите, се главни причини за слабиот економски развој

Напредок во реформите, лесно отвороње на нови фирми и делумна слобода за водење на бизнис со знаци на напредок. Се чини дека барем на хартија, македонската економија напредува, но стопанствениците и упатените се согласни дека условите во приватниот сектор и претприемништвото во земјава не се идеални.
Прво се јавува недостиг на финансиски средства за отпочнување на посериозен бизнис и исто така тешка достапност на кредитите.

Додека извештаите покажуваат дека во земјава има добри услови за отпочнување на бизнис, а има напредок и во поглед на трговските и фискалните слободи, проблем и понатаму претставува достапноста на парите, смета извршниот директор на Сојузот на стопански комори Митко Алексов.


„Прво се јавува недостиг на финансиски средства за отпочнување на посериозен бизнис и исто така тешка достапност на кредитите.“

Дополнителен проблем за фирмите е меѓусебната недоверба, која според Алексов е производ на светската економска криза.

„Значи, според сите индикатори, д
Несигурноста околу тоа дали ќе успеат во бизнисот, средствата за старт на бизнисот и наједноставното партизираната држава и тоа што најсигурното место е вработувањето во државната администрација.
овербата на ниво од 2007, 2008 година се уште не е вратена кај компаниите и инвеститорите.“

Што е со претприемништвото? Се чини дека развојот на претприемачкиот дух е закочен од желбата да се работи како државен службеник, посебно ако се има предвид дека државата, а не приватниот сектор, е најголем работодавач. Консултантот за претприемачи Синиша Пекевски вели дека постојат неколку проблеми со развојот на претприемништвото.

„Несигурноста околу тоа дали ќе успеат во бизнисот, средствата за старт на бизнисот и наједноставното - партизираната држава и тоа што најсигурното место е вработувањето во државната администрација.“

Стимулирањето на претприемништвото воопшто не е дел од образовниот систем, вели Пекевски.

„Претприемништвото се учи од мали нозе, не само на економските факултети, се учи буквално секаде. Кај нас е застапен само на економските факултети.“

Последен извештај кој се промовираше во медиумите беше оној на „Херитиџ“ фондфацијата и „Вол Стрит Џурнал“. Од вкупно десет индикатори, Македонија бележи пад во три работи: слбодата за водење бизнис, владиното трошење и слободата на работната сила.
XS
SM
MD
LG