Достапни линкови

Барањата на бизнис секторот, поволни за стопанството


Владата ќе прифати половина од барањата на бизнисмените
Владата ќе прифати половина од барањата на бизнисмените

По сумирањето на проблемите на терен, владата соопшти дека ќе прифати половина од барањата на домашните компании.

Реализацијата на барањата на компаниите кои беа доставени до владата според бизнисмените ќе биде поволна за развојот на стопанството во земјата. Вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски изјави дека 55 отсто од сугестиите на компаниите се прифатени, 25 отсто се одбиени, а 5 отсто веќе се реализираат. Најголем дел од нив се однесувале на финансирање на малите и средните претпријатија, намалување на нелојалната конкуренција, зголемување на конкурентноста, како и подобрување на царинското работење. Претседателот на Унијата на работодавачи Миле Бошков вели дека владата треба да комуницира и со бизнис заедницата, а не посебно со секоја компанија за да имаат сите бенефит од спроведувањето на препораките.
Покрај тоа што станува збор за индивидуални случаи дека тоа ќе влијае и на целото стопанство, односно на поголемиот дел од стопанството.

„За нас недостасува едноставно транспарентно изложување на барањата што ги предложиле компаниите, бидејќи компаниите индивидуално поднеле барање до владата и апсолутно бизнис заедницата не е информирана за тоа.“

Бизнисменот Зоре Темелковски вели дека добро е што владата решила да ги напушти кабинетите и да излезе на терен и да се запознае директно со проблемите и успесите на компаниите.

Архива, Стопанственици и вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски на заедничка прес конференција во Владата на 5 март 2010

„Она што го имам како искуство, долги години сум стопанственик бев и политичар, мислам дека сериозноста на министрите е максимална, залагањето е максимално и она што ќе се договориме се исполнува. Тоа е доброто за сите, таквата соработка носи само развој во државата.“

Според Бошков, секоја соработка со владата е добредојдена и секое прифаќање на проблемите на компаниите и нивно решавање би требало да се одрази позитивно врз работата на целиот сектор:

„Навистина покрај тоа што станува збор за индивидуални случаи дека тоа ќе влијае и на целото стопанство, односно на поголемиот дел од стопанството каде што навистина ќе има влијание и добивка за сите, и за општеството и за државата, меѓутоа исто така и за бизнис секторот и се надевам дека ќе има ефекти.“

Владата, при крајот на септември формираше тимови за посета на фирмите, во кои беа вклучени претставници од министерството за финансии, економија, и за транспорт и врски.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG