Достапни линкови

Повторно протести на тутунарите?


Откуп на тутун
Откуп на тутун

Пелагониските тутунари велат дека доколку и натаму се врши нерегуларен откуп по ниски цени, повторно ќе ги активираат масовните протести.

Сејдо Мемедоски и Миле Стојкоски се меѓу првите тутунопроизводители од Прилеп кои го предадоа тутунот од годинешната реколта. По неколкудневните штрајкови, протести и блокади на патиштата тутунарите успеаја да постигнат некој договор со откупувачите околу текот на откупната кампања. Но, во пелагонискиот регион се чини дека само Тутунскиот Комбинат се придржува кон договореното.
Тутунарите го враќаат тутунот незадоволни од она што го разговаравме, се уште на теренот нема ништо. Рокот им е поставен
48 часа.


„Оваа рака сега, ние околу 500, 600 килограми носиме, и благодарен сум, добро е досега, квалитетно е тутунчето, ова е сето прва класа.“

Тутунарите го предаваат ,,жолтото злато"

„Спрема квалитетот добро е, одлично е, проценет е втора класа, сум задоволен, па според тутунот добро е“, велат Мемедоски и Стојкоски.

Тие го предадоа родот по просечна цена од околу 180 денари, а според барањата на тутунарите откупната цена треба да биде на ланско ниво кога и неквалитетниот тутун се преземаше по цена од 192 денари за килограм.

Порелаксирана откупна линија има и на пунктовите на Алијанса и Центро-табак. Но, на откупните ваги од Сокомак според призводителите се врши откуп според ригорозни критериуми, затоа тие го бојкотира откупот, а Струмица-табак воопшто не ги отвори вратите за откуп на годинешната реколта.

Од Сојузот на тутунски здруженија го потврдија незадоволството на тутунарите.

„Тутунарите го враќаат тутунот незадоволни од она што го разговаравме, се уште на теренот нема ништо. Рокот им е поставен 48 часа. Кои се механизмите со кои ќе се бориме? Она што го кажа преку инспекторатот министeрот, тоа е една работа. Друга работа е ние како здружение имаме други механизми, на сите ваги ние имаме претставници“, изјави Данчо Милески, претседателот на Сојузот на тутунските здруженија на Македонија.

Додека министерот Љупчо Димовски кој што два пати во текот на годинешната кампања доаѓа во Прилеп за да го набљудува текот на откупот, овој пат најави мерки против откупните фирми кои нема да го почитуваат договорот со тутунарите.
Затоа што ние сакаме да се почитува законот, да се изврши целиот откуп во законската форма, истовремено тој откуп да не биде на штета на тутунарите.

„Ќе се разговара на подруг начин за заштита на интересите на тутунарите и ве молам да не инсистирате на тоа, кој е тој подруг начин, затоа што ние сакаме да се почитува законот, да се изврши целиот откуп во законската форма, истовремено тој откуп да не биде на штета на тутунарите“, потенцираше министерот Димовски.

Директорот на државниот земјоделски инспекторат, Румен Стаменов не крие дека на откупните фирми кои ќе вршат нерегуларен откуп ќе им бидат одземани лиценците. Како што објаснува Стаменов, секаде каде што има аномалии во процената, ќе биде повикувана ако е потребно и неколкупати второстепената комисија. Но, доколку откупувачите не ги прифатат забелешките ќе мора да се премине кон непопуларни мерки, зашто не смее да бидат оштетени ниту тутунарите, ниту фирмите.

Од Штрајкувачкиот одбор на пелагониските тутунари изразувајќи го незадоволството од откупот, велат дека доколку и натаму се врши нерегуларен откуп по ниски цени, во секој момент ќе донесат одлука и ќе ги активираат повторно масовните протести, овој пат порадикално и со блокади на патиштата на повеќе витални патни правци во државата.
  • 16x9 Image

    Моника Талеска

    Моника Талеска е дипломиран новинар на Интердисциплинарните студии по новинарство во Скопје. Од 2001-та година е дописник на Радио Слободна Европа. Освен тоа, постојан дописник е и на телевизија Телма. Работела како новинар, главен уредник и директор во поранешниот локален Центар за печат, радио и телевизија- Прилеп. 

XS
SM
MD
LG