Достапни линкови

Невремето предизвика големи штети


Уништени земјоделски насади поради невремето
Уништени земјоделски насади поради невремето

Невремето ги уништи посевите и предизвика големи материјални штети во прилепскиот регион.

Тони Стрезовски од крушевското село Бучин трпи штети од околу 6000 евра, поради последното невреме проследено со град што го зафати атарот на селото. Тој стравува за иднината на своето семејство зашто живее само од земјоделство.
Родот ни е уништен, 5 декари. Пари за струја нема, петчлено семејство сум, живеам со социјална помош, а имам оштетено 10 декари, 5 тутун, 5 пипер и нема од што да се живее.


„Родот ни е уништен, 5 декари. Пари за струја нема, петчлено семејство сум, живеам со социјална помош, а имам оштетено 10 декари, 5 тутун, 5 пипер и нема од што да се живее. Бараме помош да ни се помогне,во било што, во струја да се помогне, за наплата на вода, парично ако може да се помогне.“

Но, не само на нивите кај Стрезовски, невремето ги уништи насадите со пиперки, кромид, тутун и жито на површина од околу 100 хектари во бучинското поле, па сите 800 жители од селото не знаат како да се справат со оваа несреќа.

„Се е уништено. Ова вака полево се е уништено сто посто.“

„Јас имам садено 20 декари, кое тутун, кромид и пипер. Наполно сум оштетен.“
,Јас имам садено 20 декари, кое тутун, кромид и пипер.Наполно сум оштетен.


Илустрација: Уништени посеви

„Јас имам оштетено 3,5 декари пипер и 2 декара тутун. Значи скоро сто посто. Пипер за јадење повеќе немам.“

Просечно, секое семејство трпи штети од по 5 до 6 илјади евра. Родот не им е осигурен, зашто осигурителните компании велат им нудат крајно неповолни услови за осигурување и на крајот на сезоната наместо да заработат, тие не можат да ги покријат трошоците. Сега бучинци бараат помош од државата.

„Сега ги молиме овие што се надлежни институции во најскоро време нешто да се стори, да ни помогнат, што е можно“, се жали Цане Аршиноски.

Доколку не им се плати отштета бучинци велат дека тешко ќе преживеат, зашто во отсуство на организиран пласман од страна на државата се жалат дека постојано се изиграни од откупувачите. Минатата година, нивен соселанец им ветил организиран откуп за гевгелиски преработувач, но парите од предадениот кромид уште ги чекаат.

„Па минатите години производството што го произведуваме и го даваме уште пари немаме земено.“

„И денеска ни борчат, го дадовме кромидот, пари не зедовме, ниту белешка па имаме“, велат Љупчо Толески и Соколе Грашески. Жителите на Бучин пред две години претрпеа огромни штети. Над 10.000 тони кромид скапаа по дворовите, крај патиштата, зашто иако им било ветено од владини претставници,не бил обезбеден организиран пласман за оваа култура, како што тврдат.
  • 16x9 Image

    Моника Талеска

    Моника Талеска е дипломиран новинар на Интердисциплинарните студии по новинарство во Скопје. Од 2001-та година е дописник на Радио Слободна Европа. Освен тоа, постојан дописник е и на телевизија Телма. Работела како новинар, главен уредник и директор во поранешниот локален Центар за печат, радио и телевизија- Прилеп. 

XS
SM
MD
LG