Прилепчанецот Борче Смоквоски годинава одлучил да започне свој бизнис со тутунопроизводство, со цел да обезбеди сигурна егзистенција за своето семејство. Над 20 декари посадил со тутун, вложил над 3 500 евра. Со својата сопруга одлучиле да земат и кредити за да остварат успешен бизнис. Но, родот не го осигурале,зашто вели Смоквоски не биле во можност авансирано да даваат пари за осигурување на реколтата. Нивните надежи ги однесе невремето и градот кој што го столчи нивниот род.
„Жената моја е со факултет, ја пикнав в поле, зедовме кредити за да го извадиме семејството на некој пат. Катастрофа. Плус тоа имам и дете со хендикеп, не знаеме крај со крај да составиме повеќе. Ако сака Владата нешто да помогне, нека помага, нека дојде.“
Судбината на Смоквоски ја дели и неговиот сосед со нивите во атарот на селото Беровци, Оливер Бошкоски.Ниту тој не можел да го осигура родот, па сега трпи 100 процентни штети.
„Монополот кога наплаќаше за осигурувањето. На парите кога ќе си ги земаш 5 отсто од парите ќе ти запре, а овие кога ги бараат парите? Ајде тие 60 отсто што помагаа, со тие 60 % сега, еве за градобитното нека ги поделат, трошоците нека ни ги вратат, друго ништо не бараме.И тоа што си го собравме да ни остане барем за нас.На кого му е осигуран, што земјоделство има во Македонија осигурено,има некоја култура осигурена,оние во Бучин имаат осигурено.“
Над 150 хектари со квалитетен тутун се целосно уништени во невремето што го зафати прилепскиот регион, атарите и на селата Лагово и Галичани. Повеќе од 700 тутунари кои произведуваа минимум 2, а некои и над 20 декари останаа без егзистенција, зашто градот го уништил и последниот корен тутун и ги изрешетил листовите. Тутунарите сега се во безизлез, па бараат државата фондот што го планирала за партиципација во осигурувањето да го пренамени и да им исплати отштета.
„Државата да помогне на овие тутунопроизводители, бидејќи само вложеното не може да го извадат, а камо ли за оние аргати, претежно овде се наоѓаат фармери, фармерско производство и затоа кажуваме дека над 150 хектари се зафатени, апсолутно повеќе нема берба во тие хектари.“
Вели Данчо Милески, претседател на Сојузот на тутунски здруженија на Македонија.Прилепските тутунари пак порачуваат, ако државата не им помогне, ќе питаат за корка леб,велат никогаш не било потешко од годинава.

Државата да помогне на овие тутунопроизводители, бидејќи само вложеното не може да го извадат, а камо ли за оние аргати, претежно овде се наоѓаат фармери, фармерско производство и затоа кажуваме дека над 150 хектари се зафатени, апсолутно повеќе нема берба во тие хектари