Достапни линкови

На студ без струја


Со првиот снег и студеното време, започнаа и проблемите во снабдувањето со електрична енергија.

Пак снема струја, а се греете на електрични радиатори калолифери и греалки? Никој не може да ви каже во што е проблемот? Струјата поскапе, а за сметка на тоа добивате или прекини или добивате напојување со кое не може ни машината за перење да проработи? Падот на температурите видно со себе повлекоа и падови на системот за снабдување со електрична енергија. Доказ за тоа се прекините во напојувањето во Тетово, или последното
Немаме струја од 10:30 часот од вчера, значи еве веќе 12 часа немаме струја.
прекинување на струјата во неколку скопски населби. Жител на Нерези вели дека по 12 часа се уште не знае во што е проблемот:

„Немаме струја од 10:30 часот од вчера, значи еве веќе 12 часа немаме струја.“

Професорот Атанаско Туневски објаснува кои се одговорностите на компаниите кои работат со снабдување и дистрибуција на електрична енергија:

По најголемиот снег оваа сезона, греалките во Тетово и дел од Скопје се оладија

„Ако се работи за дефект во нисконапонската дистрибутивна мрежа тогаш ЕВН е одговорна, ако се работи за дефект во високонапонската електронапонска мрежа тогаш МЕПСО е одговорна. Она што вчера се случи во тетовскиот регион беше одговорност на МЕПСО затоа што се работеше за високонапонски далековод, а обично ако се случи дефект во нисконапонската мрежа, тогаш дел од градот или некоја населба, нема струја.“
Значи, ние со тек на време треба да се обидеме и да настојуваме тие дефекти по број и по должина на траење да бидат што помали, но со тек на време ние место да добиваме посовремена мрежа, ние добиваме се полоша и полоша
мрежа.

Граѓаните плаќаат повисоки сметки а системот застарува, констатира професорот:

„Значи, ние со тек на време треба да се обидеме и да настојуваме тие дефекти по број и по должина на траење да бидат што помали, но со тек на време ние место да добиваме посовремена мрежа, ние добиваме се полоша и полоша мрежа. Досега немаше некои посериозни дефекти бидејќи времето беше топло, но сега еве стигна студеното време и веднаш почнаа проблеми.“

Во екот на зинската сезона градот Тетово неколку часа немаше струја. За тоа се одговорни од „Мепсо“ посочуваат од приватната ЕВН. Портпаролот Атанас Ковачевски вели дека во поглед на надлежностите на австриската компанија, сите мерки се преземени:

„Зајакната и зголемена е за два пати моќноста на трафостаниците, замените се каблите со нови, на многу места е подоборено напојувањето, така што сме подготвени за зимата, дежурните екипи се постојано на терен.“

МЕПСО за состојбата во Тетово

Дефектот во Тетово е поради застарена опрема и ниски температури, велат од државната компанија.

„Испадот е од објективни причини кои не можат да се предвидат иако АД МЕПСО ги превзема сите мерки да го сведе на минимум ризикот од испади на преносната мрежа. Сепак, заради амортизираност на опремата и на далеководот Вруток-Полог-Тетово, кој е во функција повеќе од 50 години, опасноста од испади постои и не може во целост да се отстрани.“ се наведува во соопштението на МЕПСО.

Државната фирма во 2011 година не предвидува зголемување на трошоците од своето работење, во делот на управување со електроенергетскиот систем и одржување на преносната мрежа. Во одделно соопштение од интернет страната на компанијата акционерското друштво соопштува дека побарале од регулаторната комисија зголемување на својот удел во просечната малопродажна цена на електричната енергија.
XS
SM
MD
LG