Изјавата на поглаварот Сулејман Реџепи била потрешно протолкувана дека подржува кантонизација онака како што ја замислува новоформираната партија, Албански сојуз.
Ова е денешното објаснување на портпаролот на Исламската верска заедница Абас Исмаили по поддршката што духовниот лидер на муслиманите во Македонија ја изразил при вчерашниот прием во ИВЗ на претседателот на новата албанска партија, откако Белја му ја презентра платформата и објаснил што се опфаќа. Реџепи изјавува „камо среќа Ваљон Белја да ја претвори Македонија во Швајцарија“:
„Како сите други политички партии во Македонија што велат дека Македонија треба на економски план да се развива да биде како западните земји, тоа го кажуваше и тој. Дека камо среќа и тој да работи во тој правец, за Македонија да стане како Швајцарија, ништо повеќе“, изјави денеска Абас Исмаили.
При неодамнешната партиска промоција, Беља рече дека дека главно политичко барање му е воспоставување на принципот на кантонизација во Македонија.
Според ИВЗ нивните релации со партиите не значат политичка инволвираност.
Но, експертите препознаваат дека на верското делување се повеќе му стануваат блиски релациите со политичките водства и дека тоа почнува да претставува проблем во одржување на нивната автономија. Верските водства не треба да се ставаат во улога да бидат промотори на политилчки настани, вели професорот Назми Малиќи:
„Тие го нарушуваат тој дел на коректна комуникација со заедниците, влегување во делот на политичко дебатирање и пропаганда не е во нивен делокруг на оппределбите.“
ИВЗ треба да има на ум дека мегу своите верници има и луѓе кои имаат зралична политичка определеност односно покрај Албанци има и Турци, Роми, Бошњаци, вели поранешниот претседател на Комисијата за односи со верски заедници Цане Мојановски.
„Има тука една опасност која секогаш треба да се има предвид, дека една верска заедница не треба да се изедначува со еден етникум, затоа што ниту православните се само под македонската нација, ниту се од албанската ентичка заедница.“
Мешањето на политичките водства во работата на верските водства и обратно, сепак според Малиќи нема капацитет да биде влијателно и врз меѓуетничките односи:
„Граѓаните на Македонија доволно се свесни дека ги пратат и верските и политичките пораки и можеби споредуваат.“
Во меѓувреме актуелен останува повикот на ИВЗ да биде заштитена од радикални исламски групи. Дел од експертите инволвирањето на ИВЗ и политикките партии сметаат дека е поврзано и со ова.

Тие го нарушуваат тој дел на коректна комуникација со заедниците, влегување во делот на политичко дебатирање и пропаганда не е во нивен делокруг на оппределбите.
„Како сите други политички партии во Македонија што велат дека Македонија треба на економски план да се развива да биде како западните земји, тоа го кажуваше и тој. Дека камо среќа и тој да работи во тој правец, за Македонија да стане како Швајцарија, ништо повеќе“, изјави денеска Абас Исмаили.
При неодамнешната партиска промоција, Беља рече дека дека главно политичко барање му е воспоставување на принципот на кантонизација во Македонија.
Според ИВЗ нивните релации со партиите не значат политичка инволвираност.
Но, експертите препознаваат дека на верското делување се повеќе му стануваат блиски релациите со политичките водства и дека тоа почнува да претставува проблем во одржување на нивната автономија. Верските водства не треба да се ставаат во улога да бидат промотори на политилчки настани, вели професорот Назми Малиќи:
„Тие го нарушуваат тој дел на коректна комуникација со заедниците, влегување во делот на политичко дебатирање и пропаганда не е во нивен делокруг на оппределбите.“
ИВЗ треба да има на ум дека мегу своите верници има и луѓе кои имаат зралична политичка определеност односно покрај Албанци има и Турци, Роми, Бошњаци, вели поранешниот претседател на Комисијата за односи со верски заедници Цане Мојановски.
Има тука една опасност која секогаш треба да се има предвид, дека една верска заедница не треба да се изедначува со еден етникум, затоа што ниту православните се само под македонската нација, ниту се од албанската ентичка заедница.