Достапни линкови

Фирмите ги искористуваат хендикепираните лица?


Прилепчанецот Ванчо Нушков, инаку хендикепирано лице, по четири години работа во приватната фимра Папирус не може да си ги земе платите бидејќи фирмата е во стечај.

Прилепчанецот Ванчо Нушков е крајно револтиран, зашто по четири години работа како што вели во приватна фирма Папирус во Прилеп сега не може ни со извршно решение да ги наплати своите побарувања, затоа што фирмата е во стечај. А, приказната започнала пред осум години. Тој се сложил како хендикепирано лице, со сериозни здравствени проблеми, со опериран тумор на главата да ги искористи државните бенефиции и да биде вработен со тројца други во ова заштитно друштво. Но, вели дека сопственикот на фирмата, Љупчо Секулоски, постојано им ветувал, а пари не им исплаќал.
Работев од 2002 година до 2006, само два месеца ни исплати, друго ништо пари не зедовме, никој не може да ја потера да ни плати пак, не знаеме кај кого да одиме, четири години за срамота е, немам пари, банка в џеб.


„Работев од 2002 година до 2006, само два месеца ни исплати, друго ништо пари не зедовме, никој не може да ја потера да ни плати пак, не знаеме кај кого да одиме, 4 години за срамота е, немам пари, банка в џеб, секаде не излага цело време, секој ден одевме, секој ден, ми се фаќаше грбот, по 150 тоалетни лепев“, се жали Нушков.

Тој истакнува дека имал склучено договор за работа според кој требало да добива месечна плата во висна од 6000 денари, но работодавецот не го почитувал. Овој хендикепиран човек со оглед на здравствените проблеми не може да најде работа, а веќе зачекорил во шесттата деценија од животот. Ако не е скромната пензија на неговите родители се жали едвај ќе преживее.

„Што од пензија, струја, вода, телефони и толку. Што дека бараме 3000 земаме социјално.“

Но, со парите од социјалната помош не можат да се прехранат заедно со родителите, да ги задоволат основните потреби за живот. Тој е резигниран затоа што станал жртва на системот, иако решил и ја барал правдата низ институциите на системот, но не успеал да ја пронајде. Побарува сега околу 230.000 денари, но никогаш нема да ги наплати парите, зашто претпријатието е во стечај.

Наспроти оваа тажна исповед на Нушков, сопственикот на фирмата Секуловски тврди дека работниците добивале редовно пари, но дека Нушков често отсуствувал од работа, а откако била отворена стечајна постапка, тогаш никој не добивал плата. Тој сепак одби да соопшти други детали, зашто вели дека се уште не завршил судскиот процес.
По стечајот на старата фирма, Секулоски отворил нова фирма, со слична дејност.
XS
SM
MD
LG