Рената и нејзиниот партнер Јарослав, во Прага доаѓаат неколку пати годишно. Тие се од Брно, вториот по големина чешки град. Најчесто ја посетуваат Прага за да отидат на театар или пак да завршат некоја друга работа. И двајцата се врзани за инвалидски колички. Живеат во зграда со пристап за инвалиди, а многу од нивните соседи се исто така луѓе со посебни потреби. Движејќи се по бучните улици низ Прага, Рената вели дека од пред 20 годин па досега, многу работи се измениле на подобро.
„Во 1990-та многу работи се променија, на пример се појавија овие електрични колички, потоа многу работи се адаптираа. Па така сега можеш дирекно од тротоар да влезеш во некоја јавна институција.“
Рената вели дека таа и Јарослав, живеат прилично добро, и двајцата зимаат инвалидска пензија, плус приходите што таа ги добива од работата во една адвокатска канцеларија, а Јарослав од дома работи за една фирма за компјутери. Тие исто така имаат и други бенифиции, како бесплатен превоз, а има и луѓе кои им помагаат околу домашните работи, купувањето или пак за лична нега. Во изминатите години Чешката Република направи многу да го подобри животот на отприлика 1 милион луѓе со хендикеп, вели Вацлав Краса, поранешен пратеник, кој сега е шеф на Комитетот за луѓе со хендикеп.
Тој вели дека е направено многу во пристапот до транспорт, а зголемена е и можноста за вработување на овие луѓе. Па така постојат субвенци за работадавачите кои ќе вработат луѓе со инвалидитет, а им се даваат и пари за да го адаптираат просторот за работа и да купат специјална опрема. Краса вели дека ги консултираат овие луѓе за секоја одлука или закон што се носи, но сепак сите Закони што се гласаат не секогаш си ја исполнуваат целта-еднакви можности за сите.
Понекогаш има дискриминација. Работодавачите може да им понудат послабо платена работа или пак првин нив да ги отпуштат. За жал немаме закон со кој ќе ги санкционираме таквите работи но се обидуваме да ја намалиме.
Со новиот закон за дискриминација, им се овозможува на луѓето да си ги бранат своите права. Постојат и мали граѓански здруженија кои преку разни иницијативи се обидуваат да ги интегрираат луѓето со хендикеп во општеството. Во многу кафе барови се вработуват луѓе со интелектуталн попреченост, а веќе неколку години во летниот период во центарот на Прага, се отвара кафуле во кое кафето ви го служат слепи келнери. Во изминатите 10 години се отворени многу работни мест за луѓето со посебни потреби, а сега овие луѓе может да одат и во редовни училишта, работите се движат кон подобро. Но покрај се тие заклучуваат дека постојат и многу проблеми, но работите неможат да се променат преќу ноќ.
„Во 1990-та многу работи се променија, на пример се појавија овие електрични колички, потоа многу работи се адаптираа. Па така сега можеш дирекно од тротоар да влезеш во некоја јавна институција.“
Рената вели дека таа и Јарослав, живеат прилично добро, и двајцата зимаат инвалидска пензија, плус приходите што таа ги добива од работата во една адвокатска канцеларија, а Јарослав од дома работи за една фирма за компјутери. Тие исто така имаат и други бенифиции, како бесплатен превоз, а има и луѓе кои им помагаат околу домашните работи, купувањето или пак за лична нега. Во изминатите години Чешката Република направи многу да го подобри животот на отприлика 1 милион луѓе со хендикеп, вели Вацлав Краса, поранешен пратеник, кој сега е шеф на Комитетот за луѓе со хендикеп.
Тој вели дека е направено многу во пристапот до транспорт, а зголемена е и можноста за вработување на овие луѓе. Па така постојат субвенци за работадавачите кои ќе вработат луѓе со инвалидитет, а им се даваат и пари за да го адаптираат просторот за работа и да купат специјална опрема. Краса вели дека ги консултираат овие луѓе за секоја одлука или закон што се носи, но сепак сите Закони што се гласаат не секогаш си ја исполнуваат целта-еднакви можности за сите.
Понекогаш има дискриминација, како послабо платена работа или првин нив ги отпуштаат...