Достапни линкови

Кумановци за политичката состојба


Куманово
Куманово

Во Куманово локалната власт е од опозиционата СДСМ на централната власт на ВМРО-ДПМНЕ. Поради тоа сметаат дел од граѓаните има негативности.

И покрај секојдневни партиски препукувања, навреди, недолична реторика од политичарите и се пооевидентната борба за власт или добивање поудобна фотеља, кумановци сметаат дека генерално политичката состојба во градот е релативно добра. Или како што некои од нив велат на прв поглед изгледа така, а се поголемата сиромаштија на граѓаните станува се понеподнослива. Во Куманово локалната власт е од опозиционата СДСМ на централната власт на ВМРО-ДПМНЕ. Поради тоа сметаат дел од граѓаните има негативности.
Член на општинскиот Совет од ВМРО-ДПМНЕ Јордан Пачков, политичката состојба ја оценува како:
Доста сложена. Локалната власт е од опозиција на централната власт. Комплицирана во целата држава

„Задоволителна земајќи го предвид аспектот на односот помеѓу релевантните чинители или предизвикувачи на некои нереди, помеѓу позицијата и опозицијата има една тивка, блиска коалиција, кога е во прашање градот и неговата безбедност.“

Совет на општина Куманово
Снежана Захариева од СДСМ смета дека политичката состојба во Куманово е сосема добра.

,,Позитивна клима, за нашата партија сосема поволна."

Оценува Захариева.
На прашањето каква е политичката состојба во Куманово, граѓаните со свои забелешки:
Многу лоша. Партијата на власт една е овдека, а друга во Републиката. Омаловажување на нашиот градоначалник од централната власт. Не е добро


„За никаде, што да мислам!“

„Доста сложена. Локалната власт е од опозиција на централната власт. Комплицирана во целата држава.“

„Во глобала позитивна. Во Советот на Општината за круцијалните далекусежни прашања за граѓаните со дискусии на двете големи политички партии сепак се донесуваат одлуки.“

„Многу лоша. Партијата на власт една е овдека, а друга во Републиката. Омаловажување на нашиот градоначалник од централната власт. Не е добро.“

„Никаква. Страшна. Општо, се.“
Отстуство на политичка култура. Треба да се мери што ќе се каже без оглед дали е од СДСМ или од ВМРО-ДПМНЕ

На кумановци им пречи и вокабуларот на политичарите:

„Ми пречат секојдневните препукувања и на локално и на централно ниво, а народот и во општината и во државата е симормашен. Тие се препукуваат и гледаат кој да дојде на власт. Никој ништо не мисли за народот.“

„Отстуство на политичка култура. Треба да се мери што ќе се каже без оглед дали е од СДСМ или од ВМРО-ДПМНЕ.“

Мислењето на граѓаните веројатно и на политичарите им е од повеќе јасно, но на граѓаните не им е јасно зошто дел од нив се однесуваат како лоши и невоспитани ученици. Затоа, како што велат анкетираните:

„Граѓаните ќе си го кажат своето мислење.“
  • 16x9 Image

    Светлана Антиќ Јовчевска

    По завршувањето на Студиите по новинарство во Скопје во 1985 година започнува да работи како економски новинар во Куманово, а потоа како дописник на „Вечер“,соработник на „Нова Македонија“,„Утрински весник“,на МРТВ, МИА, Радио Дојче Веле и неколку неделници. Од основањето на Радио Слободна Европа известува за настаните од својот град.

XS
SM
MD
LG