Околу илјада припадници на полицијата излегоа на протест против одлуката на Уставниот суд со која се укинуваат одредбите во Законот за внатрешни работи, што го регулираат пензионирањето на овластените службени лица. Претседателот на полицискиот синдикат Тихомир Климовски вели дека тие се собрале за да го изразат својот револт, бидејќи достоинството на нивната професија е погазено.
Вината ја бараат во членовите на Уставниот суд кои според Климовски се однесуваат полошо и од политичарите во земјава, Протест на полицајците против одлуката на Уставниот судбидејќи не се над политиката, ниските побуди и интереси и не даваат пример за правда. Тоа го докажува и нарушениот кредибилитет на претседателот на судот.
„Кога токму од нив ќе слушнете дека не веруваат во судскиот систем на Македонија, кога за нив ќе го дознаете нивното темно минато, едноставно немате доверба во она што го прават. Токму со таков потпис е одлуката која што толку не засега и револтира.“
Климовски вели дека во одлуката нема ништо логично и од неа се срамат и самите носители, но и покрај тоа тие ќе го почитуваат системот кој го бранат и институцијата која ја донела одлуката, без да се откажат од барањата.
„Нема да се откажеме од нашето право за пристојни услови за одење во пензија, но со услови кои се стандард на полициското работење во Европа и пошироко и нема да престанеме да се спротивставуваме на секој кој тоа право ќе ни го оспори.“
Поддршка им даде и Сојузот на Синдикати на Македонија. В.д. претседателот Живко Митревски вели дека земјата мора да обезбеди соодветни мерки со кои ќе им на полицајците ќе им се оствари правото на достоинствена пензија и работа.
„Македонија да им оддаде почит и преку својата работничка легислатива на сите вас кои што и во најтешките моменти ги дававте своите животи за да можеме сите слободно денес да живееме и тежнееме кон европска Македонија.“
Со пароли во рака од Уставниот суд полицајците се упатија на марш до Собранието, па до МВР.Уставниот суд ги укина одредбите со која полицијата беше во поповолна позиција од останатите вработени во Армијата и во затворите.