Новата систематизација на работните места, новите надлежности што ги дава законот за внатрешни работи, усогласувањето на националното со меѓународното законодавство како и процесот на спроведување на законот и реформите во полициските служби, се главна тема на денешната регионална конференција за раководење со човечки ресурси во полицијата во организација на набљудувачката мисија на ОБСЕ.
Претставникот на американската амбасада во Скопје, Брајан Аглер вели дека напредок е постигнат, но има уште многу работа да се заврши.
„Верувам дека заедно можеме да ви помогнеме да изградите програма која ќе резултира со целосно професионална полициска служба.“
Командантот на Штабот на НАТО во Скопје Дејвид Хумар ги советува властите да им дадат предност на војниците при нови вработувања во МВР.
„Професионалните војници треба да имаат приоритет за вработување во полицијата откакао ќе им заврши нивната служба затоа што со тоа МВР добива обучени луѓе со вештини потребни на полициските службеници.“
Евроамбасадорот Ерван Фуере посочи дека Европската унија во последниве неколку години преку КАРДС и ИПА проектите вложиле повеќе од 70 милиони евра во реформите во полицијата.
„Најдобрите и најспособните луѓе треба да бидат вистинските работни места, унапредувањата и селекцијата при вработување треба да бидат базирани на професионални стандари а не врз политичка припадност.“
Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска најави дека ќе стартува новата систематизација откако минатата недела МВР го потпиша колективен договор со полицискиот синдикат.
„Оневозможено е раководството на МВР врз основа на дискреционо одлучување да прави преместување и да одлучува за кадровските решенија.
Амбасадорот на ОБСЕ Хозе Луис Хереро вели дека развојот на кариерата е „клучниот и единствениот аспект кој што ќе донесе големи промени“ во МВР и кои ќе спречат политичко влијание. Амбасдорите се сложни во ставот дека процесите за управувања со човекови ресурси треба да бидат транспарентно, доследни и неселективно применувани , базирани на професионални критериуми.
Верувам дека заедно можеме да ви помогнеме да изградите програма која ќе резултира со целосно професионална полициска
служба.
Претставникот на американската амбасада во Скопје, Брајан Аглер вели дека напредок е постигнат, но има уште многу работа да се заврши.
„Верувам дека заедно можеме да ви помогнеме да изградите програма која ќе резултира со целосно професионална полициска служба.“
Командантот на Штабот на НАТО во Скопје Дејвид Хумар ги советува властите да им дадат предност на војниците при нови вработувања во МВР.
„Професионалните војници треба да имаат приоритет за вработување во полицијата откакао ќе им заврши нивната служба затоа што со тоа МВР добива обучени луѓе со вештини потребни на полициските службеници.“
Професионалните војници треба да имаат приоритет за вработување во полицијата откакао ќе им заврши нивната служба затоа што со тоа МВР добива обучени луѓе со вештини потребни на полициските
службеници.