Се случи најголемиот кошмар, авион се урна во стокатница во Њујорк, се запали зградата, луѓе почнаа да бегаат, Менхетен го фати паника. Телевизиски екипи побрзаа во живо да го пренесат овој настан. По само 18 минути, додека сите мислеа дека станува збор за несреќа, пред очите на светската јавност уште еден авион удри во кулите близначки. Вознемирени новинари кои со затреперени гласови известуваа за овој настан констатираа „ова е намерно, ова не е несреќа, ова е терористички напад “. Тоа се случи утрото на 11 септември 2001 година во Њујорк. На истиот ден пред 9 години Соединетите Американски Држави доживеаа низа терористички напади. Третиот киднапиран авион се урна во Пенатгон, а четвртиот падна во Питсбург, Пенсилванија, за кој како што се верува поради револотот на патниците во авионот, не се исполнил планот на киднаперите тој да биде урнат врз Белата Куќа или врз Капитол билдинг. На овој ден загинаа над 3 илјади луѓе меѓу кои и бројни спасувачи а повредени беа околу 6 илјади луѓе беа повредени при овие напади.
11 септември е денот што го промени светот. По најстрашниот терористички напад во американската историја започна глобалната војната против тероризмот на чело со САД. Притоа беше урнат талибанскиот режим во Авганистан, а од ирачкиот престол беше симнат Садам Хусеин. Во светот се уште владее стравот, многу земји се вклучија во антитерористичките активности за да се зголеми безбедноста.
Македонија учестува во мисиите во Авганистан, Либан и БиХ
Македонија е една од земјите која учествува во мировните мисии во соработка со НАТО. Прва мировна мисија во која македонските војници учествуваа е во 2002 година во Авганистан. Потоа следува мисијата Слобода за Ирак, каде македонските војници помина а неколку години.Сега Македонија парципира во мисијата ИСАФ во Авгансистан, во мисијата на Европската Унија ,,Алтеа" во Босна и Херцеговина, во мисијата во Либан и логистичката подржка на КФОР за Косово. Во последниве 8 години околу 2 илјади македонски војници учествувале во неколку мисии. Во Авганистан има 242 припадници на АРМ, од кои најголемиот дел се во Кабул каде што ја обезбедуваат главаната команда на ИСАФ, 79 се во Баграм и се дел од мисијата феникс каде што учествуваат во обука на аванистанката полиција. Потпаролот на министерството за одбрана, Сашко Димов вели дека макеоднските војници со учеството во мировните мисии стекнуват големо искуство кое после се применува во македонскта армија:
,,Добиваме научени лекции во делот на обука и подготвување, научени лекции во делот на военото здравство преку нашите припадници кои учестуваат заедно со норвешкиот тим во Мајмана како воено здрвство... добиваме уште многу научени лекции кои што се разбира дека се искуство повеќе за секој припадник на АРМ."
Македонија е меѓу првите пет најголеми придонесувачи во мисиите според бројот на жителите на земјава:
,,Во делот на она што значи да се зборува за Македонија дека е посакуван партнер насекаде во светот врз основа на она што како држава го имаме презентирано, врз основа на она што нашите припадници го демонстрираат во секоја мировна мисија."
Учеството во антитерористичките мисии ја зголемува опасноста од одмазнички акти
Аналитичарот Владимир Пивоваров вели дека со учеството во антитеростичките активности Македонија влезе во вистинскиот колосек за борба против тероризмот. Тој додава дека секое учество можно е и да донесе негативна последица:
,,Таквите групации нас не сметаат како можна закана, односно може да се случи од таквите групации да бидат извршени терористички акти на територија на Македонија во знак на одмазда. Меѓутоа безбедносните служби секогаш треба да бидат на високо ниво, внимателни, претпазливи во прибирањето на ваквите информации и спречување на ваквите акти."
Позитивните ефекти од вклучување во ваквите мисии е создавање на демократско општество кое развива заштита, безбедност и борба за спречување на терористичките акции.
,,Па нема тука негативна работа. Значи негативното ќе биде само тоа што безбедносните служби добија само задача повеќе во извршување на својата функција."
Професорката Билјана Ванковска смета дека бенефитот за Македонија со учеството во мисиите е да се позицира во НАТО Алијансата.
,,Дека преку тоа учество придонесуваме, стануваме од корисник на безбедноста на давател на безбедноста, значи тоа се оние флоскули кои веќе 10 години се пласираат."
Таа додава дека проблемот во приближувањето кон НАТО е на друга страна.
,,Значи тоа делува помалку разочарувачки кога се знае дека Македонија е четврта земја ако се спореди бројот на војници во Авганистан спрема бројот на жители во популацијата на државата. Тогаш и реално се поставува прашањето, дали даваме повеќе од она што можеме, а добиваме многу помалку од другите учесници во тие мисии."
Ризикот од појава на радикални структури постои
Аналитичарот Стефан Буџаковски вели дека последните случувања во земјва треба да не држат подготвени за евентуални безбедносни проблеми.
,,Последните случувања во џамиите во Скопје, Бин Ладен и неговата терористичка организација, понатаму откривањето, фаќањето и судењето на неколку наши државјани од Дебар во терористички акции во САД, говори дека Република Македонија не смее да се изолира ниту да се потцени во однос на дејствувањето на поединци од аспект на терористички акти."
Македонија може да се пофали со подготвеност за борба против тероризмот, поради активностите кои ги преземаме и поради помошта која ја добиваме од големите земји да се развиеме на ова поле, вели Буџаковски.
,,Ние сме доста корисни со оглед на геостратешката положба што ја земаме и Балканскиот простор кој што секогаш е немирен, испреплетен со различни идеи, цели, различни странски разузнавачки служби, религии, идеи итн."
Ризикот да се претвори Македонија во плодно тло за тероризам не може да се исклучи. Последните случувања како проповедувањето на исламистички радикализам на контроверзниот приштинеки Имам, Шефкет Крансиќи во Чаир или разбранувања на тема вехабисти во исламската верска заедница пред празникот Рамазан отвараат прашања за инфилтрирање на радикалните исламистички структури во Македонија. Дел од експертите и луѓето што го проповедаат исламот сметаат дека неколку џамии во Македонија се под контрола на вехабистички структури. Други пак сметат дека во Македонија не постојат вехабистички движења, но не се исклучува можноста, како што велат исламот да се радикализира поради разнишаната состојба на верската заедница. Оџата Рамадан Рамадани кој е разрешен од ИВЗ и се уште раководи со скопска џамија вели дека е мала можноста да се појават радикални исламисти во Македонија, но не се исклучува.
,,Теоретски и функционално ИВЗ може да биде засолниште за екстремисти, а може и да биде многу плодно тло кое би произвело екстремисти."
И покрај обвинувањата на ИВЗ дека вехабисти во Македонија има, Рамадани вели дека нема такви радикални структури.
,,Во Македонија единствено што има, има верници кои како и во другите земји после распадот на комунизмот се вратиле кон верата. Има една ,,комунистичка" организација како ИВЗ која понекогаш сака да ги стигматизира нив или таква појава."
Јакуп Селимовски, кој го раководи секторот за образование и наука во Исламската верска заедница, вели дека во последно време е можно радикални групи кои се повикуваат на исламот да постојат и во Македонија.
,,Радикалните групи кои се повикуваат на исламот немаат ништо заедничко со исламот, се повеќе се присутни во светот и има тенденција да бидат присутни и на Балканот. Можно е да постојат одредени влијанија, одредени напливи на такви тенденции и на нашаве простори, но јас мислам дека сеуште ИВЗ е силна и способна барем што се однесува до верскиот дел да ги надмине овие потешкотии."
Полемиките околу вехабистичките движења во земјава има поширок контекст кој не би требало секогаш да се врзе со тероризам, вели Ванковска.
,,Постојат радикални исламистички струи, постои прилив на капитал од Блискиот Исток, од Саудиска Арабија и други места, тоа може да се види дури и по архитектурата на ново изградените џамии и минирањи, така што тоа не е тајна. Меѓутоа она што ја прави ИВЗ слаба, е и нејзината внатрешна поделеност, врзаноста од политичките центри на моќ."
Во целата ситуација верниците се само колатерална штета, додава Ванковска.
,,Во однос на вахабизмот јас мислам дека тој нема корени, сепак исламот на Балканот има некој свој европски предзнак и е сосема различен од оној во останатите делови на светот. Но, ако се согледаат процепи и слабости во оваа заедница, нормално дека овие вакви сили наоѓаат простор за дествување, особено со пари."
Ризикот да се појават терористички организации во Македонија постои, вели Пивоваров. Превентива за сега е будно следење на случувањата во земјата и светот.
,,Појава на самите терористички организации внатре во самото општество или пак, инфилтрирање на странски терористички организации преку нивни извршители изнаоѓање на домашни извршители на терористички акти, меѓутоа секогаш во вакви ситуации постои спрега меѓу надворешниот и внатрешниот елемент."
Според заклучоците на експертите како потенцијална закана за безбедноста на земјава претставуваат активностите на неконтролирани криминални групи кои применуваат терористички методи и средства, како и опасноста од радикално дејствување. Но, треба да се земе в предвид и фактот дека безбедносен ризик може да претставува и учеството на Република Македонија во меѓународната антитерористичка коалиција.
11 септември е денот што го промени светот. По најстрашниот терористички напад во американската историја започна глобалната војната против тероризмот на чело со САД. Притоа беше урнат талибанскиот режим во Авганистан, а од ирачкиот престол беше симнат Садам Хусеин. Во светот се уште владее стравот, многу земји се вклучија во антитерористичките активности за да се зголеми безбедноста.
Македонија учестува во мисиите во Авганистан, Либан и БиХ
Македонија е една од земјите која учествува во мировните мисии во соработка со НАТО. Прва мировна мисија во која македонските војници учествуваа е во 2002 година во Авганистан. Потоа следува мисијата Слобода за Ирак, каде македонските војници помина а неколку години.Сега Македонија парципира во мисијата ИСАФ во Авгансистан, во мисијата на Европската Унија ,,Алтеа" во Босна и Херцеговина, во мисијата во Либан и логистичката подржка на КФОР за Косово. Во последниве 8 години околу 2 илјади македонски војници учествувале во неколку мисии. Во Авганистан има 242 припадници на АРМ, од кои најголемиот дел се во Кабул каде што ја обезбедуваат главаната команда на ИСАФ, 79 се во Баграм и се дел од мисијата феникс каде што учествуваат во обука на аванистанката полиција. Потпаролот на министерството за одбрана, Сашко Димов вели дека макеоднските војници со учеството во мировните мисии стекнуват големо искуство кое после се применува во македонскта армија:
,,Добиваме научени лекции во делот на обука и подготвување, научени лекции во делот на военото здравство преку нашите припадници кои учестуваат заедно со норвешкиот тим во Мајмана како воено здрвство... добиваме уште многу научени лекции кои што се разбира дека се искуство повеќе за секој припадник на АРМ."
Во делот на она што значи да се зборува за Македонија дека е посакуван партнер насекаде во светот врз основа на она што како држава го имаме презентирано, врз основа на она што нашите припадници го демонстрираат во секоја мировна мисија
Македонија е меѓу првите пет најголеми придонесувачи во мисиите според бројот на жителите на земјава:
,,Во делот на она што значи да се зборува за Македонија дека е посакуван партнер насекаде во светот врз основа на она што како држава го имаме презентирано, врз основа на она што нашите припадници го демонстрираат во секоја мировна мисија."
Учеството во антитерористичките мисии ја зголемува опасноста од одмазнички акти
Аналитичарот Владимир Пивоваров вели дека со учеството во антитеростичките активности Македонија влезе во вистинскиот колосек за борба против тероризмот. Тој додава дека секое учество можно е и да донесе негативна последица:
,,Таквите групации нас не сметаат како можна закана, односно може да се случи од таквите групации да бидат извршени терористички акти на територија на Македонија во знак на одмазда. Меѓутоа безбедносните служби секогаш треба да бидат на високо ниво, внимателни, претпазливи во прибирањето на ваквите информации и спречување на ваквите акти."
Позитивните ефекти од вклучување во ваквите мисии е создавање на демократско општество кое развива заштита, безбедност и борба за спречување на терористичките акции.
,,Па нема тука негативна работа. Значи негативното ќе биде само тоа што безбедносните служби добија само задача повеќе во извршување на својата функција."
Професорката Билјана Ванковска смета дека бенефитот за Македонија со учеството во мисиите е да се позицира во НАТО Алијансата.
,,Дека преку тоа учество придонесуваме, стануваме од корисник на безбедноста на давател на безбедноста, значи тоа се оние флоскули кои веќе 10 години се пласираат."
Таквите групации нас не сметаат како можна закана, односно може да се случи од таквите групации да бидат извршени терористички акти на територија на Македонија во знак на одмазда
Таа додава дека проблемот во приближувањето кон НАТО е на друга страна.
,,Значи тоа делува помалку разочарувачки кога се знае дека Македонија е четврта земја ако се спореди бројот на војници во Авганистан спрема бројот на жители во популацијата на државата. Тогаш и реално се поставува прашањето, дали даваме повеќе од она што можеме, а добиваме многу помалку од другите учесници во тие мисии."
Ризикот од појава на радикални структури постои
Аналитичарот Стефан Буџаковски вели дека последните случувања во земјва треба да не држат подготвени за евентуални безбедносни проблеми.
,,Последните случувања во џамиите во Скопје, Бин Ладен и неговата терористичка организација, понатаму откривањето, фаќањето и судењето на неколку наши државјани од Дебар во терористички акции во САД, говори дека Република Македонија не смее да се изолира ниту да се потцени во однос на дејствувањето на поединци од аспект на терористички акти."
Македонија може да се пофали со подготвеност за борба против тероризмот, поради активностите кои ги преземаме и поради помошта која ја добиваме од големите земји да се развиеме на ова поле, вели Буџаковски.
,,Ние сме доста корисни со оглед на геостратешката положба што ја земаме и Балканскиот простор кој што секогаш е немирен,
Последните случувања во џамиите во Скопје, Бин Ладен и неговата терористичка организација, понатаму откривањето, фаќањето и судењето на неколку наши државјани од Дебар во терористички акции во САД, говори дека Република Македонија не смее да се изолира ниту да се потцени во однос на дејствувањето на поединци од аспект на терористички акти
Ризикот да се претвори Македонија во плодно тло за тероризам не може да се исклучи. Последните случувања како проповедувањето на исламистички радикализам на контроверзниот приштинеки Имам, Шефкет Крансиќи во Чаир или разбранувања на тема вехабисти во исламската верска заедница пред празникот Рамазан отвараат прашања за инфилтрирање на радикалните исламистички структури во Македонија. Дел од експертите и луѓето што го проповедаат исламот сметаат дека неколку џамии во Македонија се под контрола на вехабистички структури. Други пак сметат дека во Македонија не постојат вехабистички движења, но не се исклучува можноста, како што велат исламот да се радикализира поради разнишаната состојба на верската заедница. Оџата Рамадан Рамадани кој е разрешен од ИВЗ и се уште раководи со скопска џамија вели дека е мала можноста да се појават радикални исламисти во Македонија, но не се исклучува.
,,Теоретски и функционално ИВЗ може да биде засолниште за екстремисти, а може и да биде многу плодно тло кое би произвело екстремисти."
И покрај обвинувањата на ИВЗ дека вехабисти во Македонија има, Рамадани вели дека нема такви радикални структури.
,,Во Македонија единствено што има, има верници кои како и во другите земји после распадот на комунизмот се вратиле кон верата. Има една ,,комунистичка" организација како ИВЗ која понекогаш сака да ги стигматизира нив или таква појава."
Јакуп Селимовски, кој го раководи секторот за образование и наука во Исламската верска заедница, вели дека во последно време е можно радикални групи кои се повикуваат на исламот да постојат и во Македонија.
Постојат радикални исламистички струи, постои прилив на капитал од Блискиот Исток, од Саудиска Арабија и други места, тоа може да се види дури и по архитектурата на ново изградените џамии и минирањи, така што тоа не е тајна. Меѓутоа она што ја прави ИВЗ слаба, е и нејзината внатрешна поделеност, врзаноста од политичките центри на моќ