Достапни линкови

Чешка или Чез Република


Чешката Нуклеарна Централа - Темелин
Чешката Нуклеарна Централа - Темелин

Русија е најголемиот извозник на нафта и гас. Но, исто така купува енергетски постројки низ Европа. Во Чешка, Москва сака да преземе нешто на што се гледа како на клучно за енергетската независност на земјата - нуклеарната централа Темелин. Критичарите велат дека тоа е нешто повеќе од енергетско прашање.

Во селото Темелин во Јужна Бохемија е сместена нуклеарната централа која е во фокусот на најголемата бизнис зделка во чешката историја. Таа, заедно со уште една нуклеарка, во моментот произведува една третина од електричната енергија во земјата. Тоа би требало да се зголеми откако владата донесе одлука за затворање на старите термоцентрали кои ја загадуваат животната средина. За таа цел, државната компанија Чез планира во Темелин да изгради два нови реактора. Критичарите се загрижени. Имено, од Чез како државна компанија се финасираат двете најголеми политички партии, па така некои чеси нивната земја иронично ја нарекуваат „Чез република“.

„Чез е многу силна компанија која има влијание врз законодавството, цените на струјата и регулативите. Проблемот е во тоа што државата нема моќ да го контролира процесот на носење одлуки во компанијата“, вели поранешниот минситер за животна средина Мартин Брусик.

И додека претставници на Темелин велеа дека двата нови реактора на Темелин ќе придонесат за натамошна енергетска независност, дојде веста дека во тендерот за таа зделка учествува и Русија која е најголемиот снабдувач на Чешка со нафта и гас. Покрај руската државна компанија Атомстројекспорт на тендерот се уште и Вестингхаус која е во сопственост на јапонците и француската Арева. Договорот вреди меѓу 15 и 30 милијарди долари, а новите реактори треба да проработат до 2020 година. Вацлав Бартушка, чешки пратеник за енергетско безбедни прашања вели дека договорот не е само за пари.

„За мене изборот за Темелин, што е најголема инвестиција досега, е цивилизациски избор. Сакам мојата земја да биде поврзана или со Франција или со Соединетите Држави. И затоа велам јас не лобирам за ниедна фирма, јас лобирам против една држава.“

Nuclear Powerplant
please wait
Embed

No media source currently available

0:00 0:01:05 0:00


Кога Чез лани го објави тендерот за Темелин, владата соопшти дека компанијата сама ќе реши кој ќе биде победникот. Затоа Бартушка стравува од враќање на руското влијание во земјата. Сергеј Микојан од Руската трговска комора не го дели тоа мислење и вели дека Атомстројекспорт не претставува опасност за чешката национална безбедност.

„Напротив. Мислам дека е добро што Атомстројекспорт е поддржан од државата. Ние мора да мислиме и на безбедноста на нуклеарните централи, а Русија е гарант на целиот проект.“

Руската компанија веќе вети дека во изградбата на новите реактори ќе учествуваат само чешки фирми кои ќе бидат раководени од компанијата Шкода Џеј Ес. Но, токму оваа компанија минатата година формира конзорциум со Атомстројекспорт и сега практично е во рацете на Русите.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG