По неколкудневни калкулации и избегнување на одговорот, сега е јасно за која опција се определи главниот ,,играч" во преговорите за името, премиерот Груевски. Нема да отпатува за Њујорк, а средбата со грчкиот премиер Папандреу како и настапот на Генералното собрание ќе ги одржи шефот на државата Ѓорѓе Иванов. Повеќе од јасно е дека денеска во 17 часот по наше време нема да биде искажано ништо повеќе од досегашните ставови на двете страни во спорот. Од друга страна, она што произлегува од начинот на кој што е закажана и се одржува нема да значи ништо повеќе од формалност, анализираат дел од македонските експерти. Возможно е тоа да се должи на одвивање на неофицијалниот тек на работите во Њујорк во непожелна насока, но и на прифаќање на грчкиот пристап кон целата работа кој е дипломатски наспроти нашиот кој треба да биде суштински, вели аналитичарот Алберт Муслиу:
„Така гледам на тоа, на начин дека се води некој инает, ние гледаме дека во последно време имаме и такво позиционирање во начинот на зборување, Претседателот и министерот за надворешни работи нивниот пристап е со доза на мала ароганција што е недозволиво за ситуацијата во која моментално се наоѓаме.“
Додека грчката страна која што има тврди позиции не дозволува меѓународната заедница да заклучи дека го саботира процесот, нашата страна нема реално дефиниранио позиции и ја игра играта топло ладно во преговорите, додава политикологот Петар Арсовски. Во таа смисла и денешната средба Иванов-Папандреу не може да се смета за ништо повеќе од формалност вели Арсовски:
„Бидејќи и претседателот не е вклучен во процесот на преговори, ниту пак има можност да одлучи.“
Ова само го продолжува манирот на нецелосна посветеност на процесот од македонска страна, вели Арсовски и чекаме што ќе се договорат Грција и меѓународната заедница. Веќе подолго време остануваме на декларативни определби додека во реланоста не се лобира и сме пасивни, велат експертите. Се повеќе станува реално да се очекува дека ваквиот процес ќе се интензицвира во наредниот период при што не би било изненадување доколку заврши и со прекин на преговорите, додава Муслиу.
Така гледам на тоа, на начин дека се води некој инает, ние гледаме дека во последно време имаме и такво позиционирање во начинот на зборување, Претседателот и министерот за надворешни работи нивниот пристап е со доза на мала
ароганција.