Очекувањата на Министерството за финансии за економскиот раст за дел од експертите се нереални, а други пак сметаат дека постои можност да се остварат. Според владините проекции се очекува порастот на БДП да изнесува 3,5 отсто, инфлацијата да се движи меѓу 2 и 2,5 отсто, а дефицитот да биде на ниво од ниво од 2,5 отсто од БДП. Министерот за финансии Зоран Ставрески најави и дека буџетот за 2011 ќе биде сличен на годинешниот, односно на 2, 3 милијарди евра.
Професорката Марија Зарезанкова Потевска вели дека со оглед на тоа штопрогнозираниот економски раст од 2 отсто за оваа година се уште не е реализиран, тешко дека и овој за наредниот ќе се оствари:
„Мислам дека тешко е остварливо, пред се затоа што рецесијата односно последиците од економската криза сепак се чувствуваат и во регионот и пошироко, а ние сме увозно-зависна земја и тоа има одраз врз нашата економија од тие економии така што мислам дека е малку нереален.“
Таа додава дека е добро што владата е оптимист и покрај лошите услови во кои функционира економијата:
„Па, нереален затоа што ние сепак се уште имаме висока стапка на невработеност, сиромаштијата е тука, значи се уште немаме еден квалитативен скок во економијата. Ние се уште нашето стопанство на некој начин вегетира, значи се уште немаменаправено некој позитивен чекор и позитивен скок во одредени индустрии, значи немаме големи импулси од страна на индустријата.“
Професорот Зоран Ивановски вели дека постојат различни проекции за економскиот раст од Народната Банка и од Министерството за финансии, но пооптимистички се оние на министерството:
„Дали е реална е клучното прашање? Можеби параметрите што се појавија во вториот квартал значи на полугодието што во моментот не се анализирани од Народната Банка даваат пооптимистички резултати.“
Ивановски додава дека доколку и понатаму продолжи така, тогаш реално е прогнозите на Министерството за финансии да се остварат.
Професорката Марија Зарезанкова Потевска вели дека со оглед на тоа што
Мислам дека тешко е остварливо, пред се затоа што рецесијата односно последиците од економската криза сепак се чувствуваат и во регионот и
пошироко.
„Мислам дека тешко е остварливо, пред се затоа што рецесијата односно последиците од економската криза сепак се чувствуваат и во регионот и пошироко, а ние сме увозно-зависна земја и тоа има одраз врз нашата економија од тие економии така што мислам дека е малку нереален.“
Таа додава дека е добро што владата е оптимист и покрај лошите услови во кои функционира економијата:
„Па, нереален затоа што ние сепак се уште имаме висока стапка на невработеност, сиромаштијата е тука, значи се уште немаме еден квалитативен скок во економијата. Ние се уште нашето стопанство на некој начин вегетира, значи се уште немаме
Можеби параметрите што се појавија во вториот квартал, што во моментот не се анализирани од Народната Банка даваат пооптимистички резултати.