Достапни линкови

Тргување на странски берзи?


Со отварањето на втората фаза од Спогодбата за стабилизација и асоцијација со ЕУ, за македонските државјани ќе биде можно тргувањето на странските берзи.

Дали во догледно време македонски државјани ќе можат да тргуваат на странски берзи? Од Министерството за финансии велат дека за сега таа можност не постои, но додаваат дека има шанси на физичките лица да им се отворат вратите на странските берзи со влегувањето во втората фаза од Спогодбата за стабилизација и асоцијација со Европската унија. Од тука и прашањето какви ефекти ќе
И доколку физичките лица добијат шанса, односно законската легислатива оди во прилог на тоа физичките лица да може да тргуваат, односно да купуваат странски хартии од вредност, мислам дека тоа е многу ризично доколку се неедуцирани.
има активноста на македонски инвеститори на странските пазари на хартии од вредност? Дали е можен одлив на пари од македонскиот пазар? Берзанскиот аналитичар Крсте Шајновски потсетува дека жителите на земјава се соочени со законски пречки за инвестирање на странските берзи, имено Законот за девизно работење не им дозволува на македонски државјани да имаат банкарски сметки во странство.

„Законот кој подолго време е на сила, е донесен со цел монетарната власт да може да го контролира девизниот режим во Македонија односно да ги контролира девизните средства со кои државата подолг период ’кубури‘, односно се соочуваа со недостаток на девизни средства.“

Дали ако им се дозволи на физичките лица да тргуваат во странство, домашните финансиски пазари ќе доживеат удар? Шајновски одговара:

Илустрација: Берза

„И доколку физичките лица добијат шанса, односно законската легислатива оди во прилог на тоа физичките лица да може да тргуваат, односно да купуваат странски хартии од вредност, мислам дека тоа е многу ризично доколку се неедуцирани. Затоа и понатаму се сугерира тоа да го прават преку фондовите во Македонија во кој работат инвестициони советници, значи
Така што би советувал кога ќе се ослободи законската можност, граѓаните да се консултираат пред да направат било какво вложување во
странство.
квалификувани луѓе.“

Според првиот човек на инвестицискиот фонд Илирика Фунд Менаџмент, Александар Манев, дозволата за тргување на странските пазари за земјава ќе значи повеќе приходи:

„Доколку физичко лице на пример инвестира 10 илјади евра или долари, во моментот кога ги инвестира во странство тоа е одлив, но што доколку оствари добивка, ги оплоди парите под услов да направи правилна инвестиција, ги врати парите, нето ефектот е прилив.“

Ризик постои – неискусните инвеститори кои берзата ја сфаќаат како коцка, може да изгубат пари, смета Манев.

„Со тоа што ќе кажам дека во странство не постојат ценовни лимити, така што акциите растат и паѓаат со многу поголем процент отколку на македонската берза. Така што би советувал кога ќе се ослободи законската можност, граѓаните да се консултираат пред да направат било какво вложување во странство.“

Инаку, од Министерството за финансии посочуваат дека за сега право на тргување на странските берзи имаат само банките, осигурителните друштва, пензиските и инвестициските фондови и Фондот за осигурување депозити на Република Македонија.
XS
SM
MD
LG