Г-дине Наумовски, без претходно решение за името вратите кон ЕУ не можат да се отворат. За Македонија секое одоговлекување го намалува евроентузијазмот, кај граѓаните, институциите кај партиите.
Мислам дека Република Македонија и граѓаните на Република Македонија се едни од најевроинтузијастичките расположени граѓани на целиот европски континент, што и во континуитет се докажува во сите испитувања на јавното мислење. За разлика од Република Македонија мислам дека во некои други држави кои веќе ги имаат започнато преговорите ентузијазмот не е толку голем а за жал во некои држави кои одамна се членки на ЕУ расположението е на многу пониско ниво. Граѓаните на Република Македонија се свесни дека ЕУ ќе понуди придобивки за подигнување на нивниот животен стандард.
Дали наскоро би можело да се очекува некаков прогрес во преговорите за името? Индикативно е зошто медијаторот Нимиц молчи, дали неговите проценки се дека нема подготвеност од двете страни за компромис или се уште чека на некаква ваша или грчка иницијатива?
Секако дека е во интерес на процесот предлозите што се наоѓаат на преговарачката маса да не се дискутират пред да се доближат ставовите во врска со нив. За ова прашање е потребна една поголема доверба меѓу двете страни и една поголема искреност. Во овој спор, кој по својата суштина е дизбалансиран, односно ние не бараме ништо од Република Грција, а таа бара од нас ние да го промениме името на нашата држава, нашиот идентитет, јазик и итн. двете страни имаат избор. Дали да пристапат кон ова прашање искрено со цел да го затворат што е можно поскоро? Република Македонија е заинтересирана што е можно побрзо да се најде решение за ова прашање бидејќи значително ќе се олеснат нашите процеси во однос на европската и евроатланската интеграција со што целиот процес ќе може да се движи напред.
Зошто дозволивме меѓународната заедница да биде разочарана од Македонија?
Не би се согласил дека меѓународната заедница е разочарана од Република Македонија, напротив доколку ги погледнете сите држави од регионот во изминатите две децении, кои биле нивните постапки во критичните моменти, кој бил на истата страна со најголемиот дел од државите членки на ЕУ и стратешкиот партнер САД, мислам дека Република Македонија во минатото доволно јасно демонстрираше дека за разлика од другите земји секогаш е на вистинската страна.
Како ги оценувате некои предупредувања од евродипломатите дека би можело да бидат дислоцирани ЕУ-фондовите или да биде забавен пристапот до нив?
Досега немам слушнато таква информација. Од петте компоненти што и се достапни на Република Македонија, ние изминатите месеци ја добивме акредитацијата за три, што покажува дека Република Македонија има капацитет да ги апсорбира фондовите и мислам дека токму тоа е една од највидливите придобивки што ние како држава ги имаме од процесот на европска интеграција. Во наредниот период ќе продолжиме на целните групи да им овозможуваме да се информират за начинот за искористување на овие фондови“.
Зошто многу ретко Ве има на Националниот совет за евроинтеграции, а кога сте таму министерот Милошоски се почесто зборува во ваше име?
Заедно со претседателот на Владата и со министерот за надворешни работи работиме во една целосна координација. Ние сметаме дека во наредниот период не би требало да се осврнуваме на улогата на поединечни личности туку да се осврнеме и да работиме што е можно повеќе како тим и како држава.
Г-дине Наумовски, што очекувате од претстојниот состанок за стабилизација и асоцијација од кој треба да произлезат следните заклучоци за извештај на Европската комисија за Македонија?
Нашиот став како држава е не дека Република Македонија е подготвена утре да стане држава членка на ЕУ, туку дека има уште многу да се направи. Токму затоа и постојат самите преговори, дополнително да се хармонизираат стандардите во македонското општество со европските. Очекуваме Советот за стабилизација и асоцијација да го престави на еден фер и објективен начин сето она што досега е постигнато во Република Македонија во однос на европската интеграција.