Обраќајќи им се на новинарите по тричасовната средба, Обама изјави дека неговите односи со Камерон, кој престојуваше во прва официјална посета на Белата Куќа откако е наименуван за британски премиер во мај годинава, имале брилијантен почеток.
Знак за тоа требаше да биде и нивното меѓусебно ословување со Барак и Дејвид.
Нивната соработка, како што изјави Обама, се заснова врз долгата историја на заеднички интереси меѓу двете земји.
„Никогаш не можеме да кажеме дека е доволно. Соединетите Држави и Обединетото Кралство имаат навистина посебни односи. Славиме заедничко наследство, чуваме заеднички вредности и зборуваме заеднички јазик, барем поголем дел од времето.“
Според Обама, светот е многу побезбеден и попросперитетен кога двете земји дејствуваат здружено.
Обама и Камерон им одадоа почит на американските и британските војници кои загинаа во Авганистан и потврдија дека плановите за повлекување на западните сили од таа земја се реални.
Тие го повторија повикот до Иран да се откаже од контроверзната нуклеарна програма, побараа директни израелско-палестински преговори и ја истакнаа нивната заложба за финансиски реформи.
Но, и покрај ваквиот презентиран заеднички фронт, две прашања поврзани со Бритиш петролеум фрлија сенка врз нивната порака за заедништво. Иако изјави дека целосно се согласува со Обама оти британската фирма е одговорна за истекувањето на нафтата во Мексиканскиот Залив и за санирање на последиците, британскиот премиер забележа дека Бритиш петролеум вработува илјадници Американци и оти банкротот на фирмата би бил контрапродуктивен.
Камерон ги коментираше и наводите за улогата на Бритиш петролеум во ослободувањето на Либиецот Абдел-басет ал Меграхи. Станува збор за човекот кој е осуден за поставување бомба во авион на комапнијата Пан Ам во 1988 година, кога кај Локерби во Шкотска загинаа 270 луѓе, повеќето Американци.
Во август лани тој беше ослободен со образложение дека поради рак на простата му преостануваат уште три месеци живот. Тој се уште е жив во Либија.
Бритиш петролеум призна дека барал од британската влада да потпише спогодба за трансфер на заробеници за да добие лукративна зделка за експлоатација на нафата во Либија, но демантира дека имала некаква улога во ослободувањето на Меграхи. Тоа истото уште еднаш го потврди и премиерот Камерон:
„Одлуката за ослободување на Меграхи беше донесена од шкотската влада, а јас не видов нешто што сугерира дека владата била притисната од Бритиш петролеум.“
Камерон лани како лидер на опозицијата се спротвстави на ваквиот чекор, кој и денеска уште еднаш го оцени како погрешен. Инаку, тој го покани Обама да ја посети Британија, но според некои наводи, до тоа нема да дојде пред 2012 година.

Никогаш не можеме да кажеме дека е доволно. Соединетите држави и Обединетото Кралство имаат навистина посебни односи. Славиме заедничко наследство, чуваме заеднички вредности и зборуваме заеднички јазик, барем поголем дел од времето