Конзервативната партија на Дејвид Камерон освои најмногу места на парламентарните избори што се одржаа 6 мај и вчера тој во Бакингемската палата ја прифати традиционалната покана од Кралицата Елизабета за да формира нова влада.
43-годишниот Камерон е најмладиот премиер на Британија во последните речиси 200 години.
За прв пат во изминативе три децении, изборите во Британија не донесоа убедлив победник. Централно десничарската Конзервативна партија освои најмногу пратенички места, но не успеа да добие и мнозинството. На второ место се најдоа лабуристите, а далеку зад нив либералдемократите.
Четири дена се водеа интензивни политички преговори и на конзервативците и на лабуристите за да ја добијат поддршката на либералдемократите за да формираат владејачка коалиција. Но, како што времето изминуваше беше јасно дека лабуристите губат. Камерон пред премиерската резендиција во Даунинг стрит 10 најави дека е подготвен да владее:
„Имам цел да формирам соодветна и целосна коалиција меѓу конзервативците и либералдемократите. Верувам дека тоа е вистинскиот начин да и се обезбеди на оваа земја силна, стабилна, добра и пристојна влада која мислам дека ние и премногу потребна.“
Камерон додаде дека заедно со лидерот на либералдемократите Ник Клег ќе можат да ги остават настрана партиските разлики и напорно да работат за општо добро и за национален интерес.
„Се надевам дека ова е почеток на новата политика. Отсекогаш сум верувал во различност, плурализам, каде што политичари со различни убедувања заедно ги надминуваат нивните разлики за доброто на целата земја“, изјави Клег.
Тој соопшти дека добил отстапка од Камерон во врска со клучното барање на неговата партија, измена на избирачкиот систем во Британија во повеќе пропорционален. Конзервативната партија на Камерон силно се противи на таквата промена на сегашниот систем на гласање кој им дава предност на двете главни британски партии, конзервативците и лабуристите.
Новиот премиер го пофали Гордон Браун за неговата јавна служба и вети дека ќе работи за решавање на проблемите кои ја притискаат земјата: буџетскиот дефицит, социјалните тешкотии и потребните политички реформи. Од истото место, само неколку часа порано Браун заедно со неговата сопруга Сара и нивните деца изјави:
„Мојата оставка како лидер на Лабуристичката партија ќе стапи во сила веднаш и сакам да им се заблагодарам на сите мои колеги, министри, членовите на Парламентот и на сите мои вработени кои се мои пријатели, како и на брилијантните службеници на оваа земјата.“
Браун му посака успешна работа на новиот премиер.
Успех во работата и продолжување на соработката му пожелаа и претседателите на Соединетите Држави и на Франција, Барак Обама и Никола Саркози, како и германската канцеларка Ангела Меркел, кои веднаш му телефонирале на Камерон. Неговата партија веќе соопшти дека поранешниот партиски лидер Вилијам Хејг ќе биде шеф на дипломатијата, а Џорџ Осборн нов министер за финансии, додека лидерот на либералдемокартите Ник Клег ќе биде вицепремиер.

Имам цел да формирам соодветна и целосна коалиција меѓу конзервативците и либерал демократите. Верувам дека тоа е вистинскиот начин да и се обезбеди на оваа земја силна, стабилна, добра и пристојна влада која мислам дека ние и премногу потребна.
Подршката од лидерот на либералдемократите Ник Клег му го даде потребното мнозинство за формирање Влада на Камерон