Достапни линкови

Скандал „Саркози - Бетанкур“


Саркози и Бетанкур на насловните страни на францускиот и европскиот печат
Саркози и Бетанкур на насловните страни на францускиот и европскиот печат

Францускиот претседател Никола Саркози се обидува да го задржи ширењето на скандалот за наводите добил нелегални донации за време на неговата изборна кампања во 2007 година. Во центарот на скандалот е најбогатата жена во Франција Лилијан Бетанкур која и самата е под истрага за затајување данок.

Според медиумите, францускиот претседател Никола Саркози ова лето е во пеколот. Тој како медиумска ѕвезда дојде на претседателската функција во 2007 година, а потоа стана уште поголема ѕвезда со бракот со поранешниот супермодел и пејачка Карла Бруни. Но Саркози сега е во скандал каде се измешани моќта, парите, сексот, тајни снимки, како и наводите за исплата на кеш во коверти. Скандалот стана политички тест за Саркози.

Кеш за кампањата на Саркози?

Приказната почнува со Лилијан Бетанкур, трета најбогата жена во светот. Таа е наследничка на Л'Ореал козметика со нето вредност од околу 20 милијарди долари.

Бетанкур, која има 87 години, обично живее далеку од јавноста. Но, ова лето, нејзината слика е насекаде во францускиот печат, често наспроти онаа на Саркози.
За љубов не станува збор ами, според поранешниот сметководител на Бетанкур тие имале финансиска врска.
Имено, Мадам Бетанкур на Унијата за народно движење, политичка партија на Саркози, и дала во кеш 190.000 долари за да помогне за неговата претседателска кампања. Саркози тоа го негираше.

„Да се биде опишан како некој кој подигнал коверти е срамно. Не сум изненаден што сум цел на напади. Подготвен сум за тоа, но тоа е губење време во споредба со она што луѓето навистина го сакаат од мене. А тоа е многу едноставно – излез од оваа економски криза.“

Благајникот е контроверзна фигура!

Сметководителот на Бетанкур е госпоѓа Клер Тибо која на полицијата и изјавила дека таа помогнала да се подигне готовината за кампањата на Саркози и дека парите му биле предадени на благајникот на партијата на Саркози, Ерик Воерт. Саркози го советуваше Воерт, кој е, исто така, министер за труд, да се откаже од благајничкото место и тој рече дека тоа и ќе го направи.
Воерт е контроверзна фигура, бидејќи неговата сопруга беше една од главните финансиски советници на Бетанкур, додека тој беше министер за буџет и додека милијардерката, наводно, дел од нејзиното богатство чувала во швајцарски банки.

Полицијата заинтересирана – Саркози губи на избори?

Француското Национално Собрание во Париз


За Саркози целиот скандал е политички мотивиран, делумно и поради тоа што сметководителката со обвинувањата се појави на левичарски веб-сајт, Медиапарт.
Но скандалот е опасен за Саркози и неговата најверојатно втора претседателска кандидатура во 2012 година.
Тоа е затоа што и француската полиција покажа сериозен интерес за случајот по нападите врз домовите на неколку советници и пријатели на Бетанкур.
Во меѓувреме, се повеќе и повеќе материјал протекува во медиумите и виновен или не, Саркози е прикажан во неповолна светлина.

Имено Саркози ветуваше прекин со минатото а сега се појавува со старата и богата класа на Франција.
Француската јавност сега прима дневни медиумски дози за животот на Бетанкур и трите истраги против семејството.
Дали наводите ќе се докажат ќе се види, но сликите на моќ, лакомоста се појавија во чувствителното време на економската криза. Истражувањата покажаа дека Саркози би изгубил во 2012 година на општите избори од лидерот на Социјалистичката партија Мартине Обри.
  • 16x9 Image

    Зоран Ќука

    Во Слободна Европа во Прага е од нејзиното формирање на 1 Септември 2001 година. Кариерата ја започна во Македонското радио, па следат ТВ - А1 и ТВ Телма, со истовремена дописничка работа за Радио и ТВ Босна и Херцеговина, Загребското Независно 101 Радио, и Љубљанското Студент Радио.

XS
SM
MD
LG