Достапни линкови

Француската влада ќе расправа за фудбалот


Францускиот претседател Никола Саркози за денеска закажа владина седница, посветена на катастрофалниот настап на француската репрезентација на Светското фудбалско првенство во Јужна Африка. Премиерот Филон, министрите за спорт и за млади ќе поднесат извештај за состојбата во француската фудбалска репрезентација. За утре е предвидено Саркози да има средба и со фудбалерот Тери Анри.
Инаку, весниците во Ирска денеска оценуваат дека правдата е задоволена, бидејки Франција, со голот со рака на Анри, всушност неправедно се најде на Мундијалот во Јужна Африка.
  • 16x9 Image

    Љупчо Наќев

    Работи во Радио Слободна Европа во Прага од започнувањето на емитувањето на програмата на Македонски јазик, како уредник и водител. Со новинарство се занимава од 1988-ма година, најнапред во Македонското радио, а потоа во А1 телевизија, како и повеќе години како постојан дописник на Радио Дојче Веле. 

XS
SM
MD
LG