По приватизацијата, и Житомел стана една од повеќето фирми на осудениот контроверзен бизнисмен од Куманово Бајруш Сејдиу. Дел од неговите фирми се сосема затворени, работниците се без работа, а пекарите колку-толку работеа и земаа по некој денар од парите внесувани во касата на фирмата. Деновиве и овие 70-ина работници како и дел од нивните колеги се соочуваат со неизвесност, откако во фирмата се појавил нов газда, како што слушнале од Струмица. Исплашени дека ќе останат и без тоа малку што го имале тие започнаа со мирен протест на влезот на фирмата.
„Штрајкуваме поради одземените работни места и возилата, и тоа на сила, со упад, со приватно обезбедување. Наводно имало некој потпишан документ, но нам никој ништо не ни кажува. Што да правиме? Без работа сме, а слушаме некоја нова програма по која ќе се произведува само леб, без бели печива и слатки.“
Работниците додаваат дека изминатите четири денови биле вработени нови работници од Струмица, а дека 40 отсто од консументите на нивниот леб останале без него. Тие побарале одговор и помош од надлежните во државава.
„Бевме во полицијата, повикавме инспектор на трудот, тие се уште не дојдоа.“
Работниците додаваат дека жиро сметката на фирмата е блокирана, дека им било ветено дека од друга сметка ќе им бидат префрлани парите, но на работниците ништо од тоа не им е јасно кажано.
„Внесуваа пари во благајната и по работни единици ни исплаќаа по 4 илјади денари. Сега остануваме и без тие пари, а последните четири денови ниту денар не е внесен во касата на Житомел. Парите одат некаде на друго место.“
Тие додаваат дека во Бирото за вработување се регистрирани како вработени, а не можат да добијат ниту сини картони за лекување. Револтирани се од индолентниот однос на надлежните во државава.
„Кој како ќе дојде од затвор се претставува како газда. Нема газда, Бајруш е во затвор.“
„Велат дека некој Марјан потпишал анекс-договор, а тој е вработен во Милано, но и тој не се појавува, а можеше да испрати луѓе како технолошки вишок.“
Загрижените работници велат дека нема да прекинат со штрајкот додека не им се реши судбината, а надлежните институции од кои се бара одговор за сега молчат.
Штрајкуваме поради одземените работни места и возилата, и тоа на сила, со упад, со приватно обезбедување. Наводно имало некој потпишан документ, но нам никој ништо не ни кажува. Што да правиме? Без работа сме.
„Штрајкуваме поради одземените работни места и возилата, и тоа на сила, со упад, со приватно обезбедување. Наводно имало некој потпишан документ, но нам никој ништо не ни кажува. Што да правиме? Без работа сме, а слушаме некоја нова програма по која ќе се произведува само леб, без бели печива и слатки.“
Работниците додаваат дека изминатите четири денови биле вработени нови работници од Струмица, а дека 40 отсто од консументите на нивниот леб останале без него. Тие побарале одговор и помош од надлежните во државава.
„Бевме во полицијата, повикавме инспектор на трудот, тие се уште не дојдоа.“
Работниците додаваат дека жиро сметката на фирмата е блокирана, дека им било ветено дека од друга сметка ќе им бидат префрлани парите, но на работниците ништо од тоа не им е јасно кажано.
Кој како ќе дојде од затвор се претставува како газда. Нема газда, Бајруш е во затвор.