Стечајците од повеќе градови во државава, кои трета седмица штрајкуваат со глад во студените простории во поранешната зграда на кумановскиот Комитет не отстапуваат од нивното единствено барање.Тие бараат донесување на Законот за материјален надоместок за економски или технолошки вишок со над 15 години работен стаж и 50 години возраст за жени,а 53 за мажи.На десетмина маеѓу нив кревкото здравје им попушти и тие се испратени дома,меѓутоа:
„Двајца со срцеви заболувања не сакаат да си заминат и да се откажат. Не се откажуваме од нашето единствено барање кое е многу јасно. На 31 ќе одиме пред Собранието кога ќе бидат присутни сите од Владата,за да покажеме дека сеуште сме живи.Доколку и тоа не ни помогне и новогодишните и Божиќните празници ќе ги поминеме во штрајк“.
Вели Љиљана Георгиевска од Здружението на стечајците „УНИТ“ од Куманово.
Зошто овие луѓе,претставници на 12 илјади нивни колеги во државава не отстапуваат од нивното барање раскажуваат за нивниот тежок живот:
„Живееме како никој нигде.Гладни,боси,голи,смрзнати“.
„Ваква сиромаштија и бедотија по моите 35 години стаж во градежната фирма „Козјак“ е голем проблем.Зошто Груевски не обрне внимание малку за нас.Ние не отстапуваме,ако треба и животот ќе го дадеме. Во нашите семејства се создадоа кавги и расправии поради немаштијата.Тие го нарекуваат семејно насилство“.
„Живееме како кучиња на сокак. Дрва немаме,вода половина година немаме,струјата за новогодишнит епразници ќе ни ја прекинат.Мажот ми не работи,синот невработен на 27 години.Се живее ли со 1.200 денари. На ѕидовите во кујната имм залепено искинати теписони.Нели е рамота?Кое време е сега? Немам лекови да купам.Немам скршен денар“.
Стечајците од Фондацијата Институт за отворено општество Макеоднија добија 50 ќебиња, очекуваат правна и лекарска помош. Со нив се сретнаа пратеници од опозицијата со намера во Собранието да иницираат дебата за надминување на овој проблем на граѓаните кои не по нивна вина останале без средства за егзистенција.Пратениците од власта велат дека тие ќе се залагаат проблемот да биде надминат во рамките на можностите на државата, а за средба со нив сметаат дека тоа би било отповеќе исполитизирано.
Живееме како никој нигде. Гладни, боси, голи, смрзнати