Достапни линкови

Расмусен: Решение за името и членство во НАТО


Генералниот секретар на НАТО Андрес Фог Расмусен
Генералниот секретар на НАТО Андрес Фог Расмусен

Генералниот секретар на НАТО Андрес Фог Расмусен денеска е во прва официјална посета на Македонија. На својот Фејсбук профил пред посетата, Расмусен вели дека поканата за членство на Македонија во НАТО ќе стапи во сила веднаш штом се постигне решение за спорот за името.

Генералниот секретар на НАТО Андрес Фог Расмусен доаѓа во Скопје „да ја охрабри владата да покаже флексибилност и прагматичност“, во барањето решение за спорот со Грција. Тој денеска е во прва официјална посета на Македонија. Расмусен се среќава со премиерот Никола Груевски, со претседателот на Собранието Трајко Вељаноски, со министерот за надворешни работи Антонио Милошоски и со министерот за одбрана Зоран Коњаноски. Генсекот на НАТО, попладнево ќе се сретне и со лидерите на владејачката
Ја охрабрувам Владата да покаже флексибилност и прагматичност.
ДУИ и на опозицискиот СДСМ, Али Ахмети и Бранко Црвенковски.

Во владата велат дека главна тема на разговорите ќе бидат односите меѓу Македонија и НАТО. На својот Фејсбук профил, Расмусен пишува дека доаѓа во Скопје за да ја подржи натамошната евроатлантска интеграција на земјава. Тој пишува дека поканата за почеток на преговорите за членство во НАТО ќе стапи во сила, веднаш штом се постигне заемно прифатливо решение за спорот за името.

„Фејсбук“ профилот на првиот човек на НАТО


„Ја охрабрувам Владата да покаже флексибилност и прагматичност“, напишал вчера Расмусен.

Дел од домашните аналитичари сметаат дека Расмусен сака лично да се увери во евроатлантската ориентација на Македонија, пред
Еве три години ни вршат разни притисоци, а во последниве 4-5 месеци поминавме и низ најжестоките притисоци да прифатиме работи кои не се за прифаќање, но тоа, не само што не даде резултат, туку се изгуби многу време.
ноемврискиот самит на НАТО во Лисабон. Други, пак, на посетата гледаат како на последни обиди за притисок за решавање на спорот со Грција, што во моментов е единствена пречка за македонското зачленување во НАТО.

Откако пропаднаа и последните надежи дека Македонија може да го реши спорот за името за време на шпанското претседателство со Европската унија и да добие датум за преговори за членство во Унијата, ноемврискиот самит на НАТО се наметна како нов рок за решавање на спорот со Грција. Сепак, домашната експертска јавност е скептична дека спорот со Грција би можел да се реши до есен. Тие се скептични дека Македонија би можела да се најде на дневен ред на ноемврискиот самит на НАТО.

Во прилог на овие тврдења, оди и говорот на премиерот Никола Груевски на 20-годишнината од основањето на ВМРО-ДПМНЕ. Груевски, пред три дена рече дека ВМРО-ДПМНЕ нема намера да тргува со националните интереси и дека притисоците врз Македонија да прифати какво било решение се само губење време.

„Еве три години ни вршат разни притисоци, а во последниве 4-5 месеци поминавме и низ најжестоките притисоци да прифатиме работи кои не се за прифаќање, но тоа, не само што не даде резултат, туку се изгуби многу време.“

Друг дел од јавноста, пак, се надева дека Македонија би можела да добие членство во НАТО и датум за преговори со ЕУ и без решен спор со Грција. Сепак, имајќи го предвид ставот на Грција, во моментов ова е малку веројатно.
  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG