Генералниот секретар на НАТО, Андрес Фог Расмусен утре за прв пат доаѓа во Скопје како дел од неговата турнеја во регионов. Во агендата на Расмусен предвидена е тет-а- тет средба со премиерот Никола Груевски, ќе се сретне и со претседателот на Собранието Трајко Вељаноски, со министерот за надворешни работи Антонио Милошоски и со министерот за одбрана Зоран Коњаноски. Подоцна се предвидени и средби до со партиските лидери на ДУИ, Али Ахмети и на СДСМ Бранко Црвенковски.
На својот Фејсбук профил, Расмусен пишува дека НАТО е подготвен да почне преговори за членство со, како што вели, Поранешната Југословенска Република Македонија, веднаш штом се постигне заедничко прифатливо решение за спорот за името со Грција. Во продолжение, тој наведува дека се надева дека наскоро ќе ги види сите земји од Балканот како членки на НАТО.
Експертите сметат дека Расмусен со оваа посета сака лично да се увери до каде е Македонија во НАТО интеграциите пред престојниот Самит. Тие очекуваат, генералниот секретар на НАТО повторно да ја истакне подршката на Алијансата за интеграција на земјава во НАТО и воедно да ја охрабри Владата да изнајде компромисно решение со Грција.
Поранешниот министер за одбрана Лазар Еленовски вели дека не очекува Македонија да биде на дневниот ред на ноемврискиот Самитот во Лисабон.
„Придонесот наш е познат, голем е, ценет е од сојузниците, меѓутоа мислам дека не сме во ситуација, односно нема дополнителен ангажман од двете страни за решавање на спорот за меѓународното име на Македонија, така да нерешавањето на ова прашање едноставно не е на маса.“
И поранешниот амбасадор во НАТО, Нано Ружин е скептичен дека земјава ќе се најде на дневниот ред на Самитот.
„Она што се мои сознанија од страна на мои пријатели во Алијанста е дека во НАТО постои еден скептицизам кој се базира на изјавите и контактите што ’натократите‘ и останатите амбасадори и дипломати ги имаат со Владата знаејќи го тврдиот став на Владата околу прашањето за името.“
Ружин смета ако ја пропуштиме шансата во ноември постои можност со подигнувањето на стандардите да бидат воведени и нови критериуми за членство во НАТО.
„Оние сите што анализираат, знаат дека времето тече, други држави се подготвуваат да се наметнат како кандидати како Црна Гора и Босна, така што она што Македонија го имаше како предност сега го губиме.“
Она што се мои сознанија од страна на мои пријатели во Алијанста е дека во НАТО постои еден скептицизам кој се базира на изјавите и контактите што Натократите и останатите амбасадори и дипломати ги имаат со Владата знаејќи го тврдиот став на Владата околу прашањето за името.
На својот Фејсбук профил, Расмусен пишува дека НАТО е подготвен да почне преговори за членство со, како што вели, Поранешната Југословенска Република Македонија, веднаш штом се постигне заедничко прифатливо решение за спорот за името со Грција. Во продолжение, тој наведува дека се надева дека наскоро ќе ги види сите земји од Балканот како членки на НАТО.
Експертите сметат дека Расмусен со оваа посета сака лично да се увери до каде е Македонија во НАТО интеграциите пред престојниот Самит. Тие очекуваат, генералниот секретар на НАТО повторно да ја истакне подршката на Алијансата за интеграција на земјава во НАТО и воедно да ја охрабри Владата да изнајде компромисно решение со Грција.
Поранешниот министер за одбрана Лазар Еленовски вели дека не очекува Македонија да биде на дневниот ред на ноемврискиот Самитот во Лисабон.
„Придонесот наш е познат, голем е, ценет е од сојузниците, меѓутоа мислам дека не сме во ситуација, односно нема дополнителен ангажман од двете страни за решавање на спорот за меѓународното име на Македонија, така да нерешавањето на ова прашање едноставно не е на маса.“
И поранешниот амбасадор во НАТО, Нано Ружин е скептичен дека земјава ќе се најде на дневниот ред на Самитот.
„Она што се мои сознанија од страна на мои пријатели во Алијанста е дека во НАТО постои еден скептицизам кој се базира на изјавите и
Оние сите што анализираат знаат дека времето тече, така што она што Македонија го имаше како предност сега го губиме.