Потенцијалните странски инвеститори се попривилегирани од домашните компании, се согласуваат стопанствениците и упатените. Додека од бизнис заедницата велат дека со надлежните се разговара на оваа тема, експертите посочуваат дека домашните инвеститори за сега се во инфериорна положба. Мирче Чекреџи од Сојузот на стопански комори вели дека на странците им се нудат поголеми повластици.
„На странските компании во слободната економска зона им се нудат повеќе повластици отколку на домашните фирми. Ние како Сојуз на Стопански комори предложивме до Владата да се изедначи третманот на домашните и странските фирми.“
Секој инвеститор треба да добива еднаков третман од власта, додава Чекреџи.
„Се уште разговорите се во тек, но мислам дека ја убедивме владата дека инвеститор е инвеститор, без разлика дали е странски или домашен и треба да има исти услови.“
Примати за привлекување на странски инвеститори се динамична национална економија, развиениот пазар и јасни прописи кои се почитуваат, смета професорот Тихомир Јовановски.
„Не е примарно за нашата економија ако дојдат инвестции од надвор се со цел да плаќаат помалку придонеси, помалку камати, да плаќаат помалку за закуп на земјиште... Тоа е распродажба на националната економија.“
За разлика од домашните, странските фирми добиваат посебен третман во Македонија, смета Јовановски.
„Последно време се случува и тоа да поединечни фирми кои ќе дојдат тука имаат на некој начин поинаков однос, благослов од владата, поинаков е односот кон нив за разлика од другите фирми од иста бранша.“
Покрај сите бенефиции, во земјава заживеа една слободна економска зона во која има двајца активни инвеститори. Домашните инвеститори, од друга страна пак, имаат можност да го развиваат бизнисот во технолошките зони.
На странските компании во слободната економска зона им се нудат повеќе повластици отколку на домашните фирми. Ние како Сојуз на Стопански комори предложивме до Владата да се изедначи третманот на домашните и странските фирми.
„На странските компании во слободната економска зона им се нудат повеќе повластици отколку на домашните фирми. Ние како Сојуз на Стопански комори предложивме до Владата да се изедначи третманот на домашните и странските фирми.“
Секој инвеститор треба да добива еднаков третман од власта, додава Чекреџи.
Мирче Чекреџи од Сојузот на стопански комори(Д) и вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски(Л) на заедничка прес конференција во Владата на 5 март 2010
„Се уште разговорите се во тек, но мислам дека ја убедивме владата дека инвеститор е инвеститор, без разлика дали е странски или домашен и треба да има исти услови.“
Примати за привлекување на странски инвеститори се динамична национална економија, развиениот пазар и јасни прописи кои се почитуваат, смета професорот Тихомир Јовановски.
Не е примарно за нашата економија ако дојдат инвестции од надвор се со цел да плаќаат помалку придонеси, помалку камати, да плаќаат помалку за закуп на земјиште... Тоа е распродажба на националната
економија.