Достапни линкови

Рикер – Надеж за изнаоѓање решение за името


Американскиот амбасадор Филип Рикер
Американскиот амбасадор Филип Рикер

Според американскиот амбасадор во Македонија Филип Рикер ставот на САД во врска со прашањето за името е јасен. „Нашата цел е дека решението за името требаше да биде пронајдено вчера, и тоа стои и денеска“, вели Рикер.

Нашата позиција, надеж и цел за Македонија во врска со спорот со името е добро позната и јасна. Ние се надеваме дека Македонија и Грција за брзо време ќе пронајдат заедничко прифатливо решение. Ова го изјави американскиот амбасадор во земјава Филип Рикер, по средбата со народниот правобранител Иџет Мемети.

„Како што кажа Фил Гордон, нашата цел е решението за името да биде пронајдено вчера, и тоа стои и денеска. Ние веруваме дека е можно решение на проблемот кој треба да се гледа таков каков што е и треба да се реши без да се создаваат нови
Како што кажа Фил Гордон нашата цел е решението за името да биде пронајдено вчера, и тоа стои и денеска.
проблеми надвор од суштината. Мислиме дека двете земји можат да го постигнат тоа, но зависи од нив и се надеваме дека ќе го остварат за да одат напред во позитивна иднина за нив, за регионот и за трансатланското семејство.“

На средбата, Рикер и Мемети разговараа за состојбата со човековите права во земјата, кои според нив се уште доволно не се почитуваат и заштитуваат. Најголемиот проблем претставува постигнувањето на независно судство, вели Рикер.

Иџет Мемети, Народен Правобранител

„Независноста на судството е важна за институцијата да ја има довербата на граѓаните и потенцијалните инвеститори,таму не треба да има влијание на владатата и политичките партии и тоа е област каде што сакаме да видиме напредок.“

Освен во судството, загрижуваат и состојбите во јавната администрација и затворите, вели Мемети. Во изминатава година на неговата адреса пристигнале голем број на поплаки за непрофесионалното работење на судската власт и полициските службеници. Не се доволни само декларативните заложби, вели тој.

„И понатаму продолжува да се попречува понекогаш нашата работа со тоа што отсуствува суштинска и квалитетна соработка на институциите со нашата институција и тука апелирам дека мора да се отвориме, дека мора да соработуваме, се со цел за доброто на граѓаните.“

Во извештајот на Стејт Департментот за почитувањето на човековите права во светот беше оценето дека во Македонија е постигнат напредок, но дека пред земјава се уште има бројни предизвици кога е во прашање нивното унапредување.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG