Достапни линкови

ЕУ интеграцијата клучна за стабилноста на Балканот


Според експертите состанокот Западен Балкан - ЕУ има симболично значење, чија цел е Балканот да ја покаже подготвеноста и мотивираноста за надминување на меѓусебените проблеми. Во изјавата, по завршувањето на состанокот, ЕУ ја повторува посветеноста на европската перспектива на Западен Балкан, клучна за стабилноста и развојот во регионот.

Состанокот Западен Балкан – ЕУ, што се одржа во Сараево има повеќе симболично отколку суштинско значење, сметаат домашните политички аналитичари. Тие велат дека целта на состанокот е да ја покаже подготвеноста и мотивираноста на балканските држави за надминување на меѓусебните проблеми. Тој состанок не значи дека има помирување помеѓу балканските народи, велат тие, но може да се сфати како обид да се постават темелите на таков процес.

Министерот за надворешни работи на Шпанија, која е земја претседавач со Унијата, Мигел Ангел Моратинос, по завршувањето на состанокот рече дека во иднина ќе биде потребен поголем ангажман и
Се оди во таа насока и овој собир мислам дека е сигурно во темелите на тој процес на помирување на уредување на меѓусебните
односи.
одговорност од сите партнери за целосно помирување и напредок на регионот.

Професор Димитар Мирчев вели дека балканските народи имаат премногу наследени проблеми во меѓусебните односи. И досега имаше неколку обиди да се уредат односите меѓу државите на Балканот, вели Мирчев.
Комесарот за проширување на ЕУ, Штефан Филе

„Се оди во таа насока и овој собир мислам дека е сигурно во темелите на тој процес на помирување на уредување на меѓусебните односи. Сите знаеме дека тие односи не се на некое европско ниво, меѓутоа јас сум оптимист дека тоа ќе биде во прилог на тоа уредување.“

Поранешниот македонски амбасадор во Словенија, Благој Зашов вели дека помирувањето на Балканот е неминовно. Се помирија Франција и Велика Британија по Втората светска војна, посочува тој.
Мислам дека и балканските народи ако не сега, но во блиска иднина сакале или не, заради иднината на целата Европа, но и заради мирот и безбедноста на државите во кои живеат на овие балкански простори ќе мора да се помират.


„Мислам дека и балканските народи ако не сега, но во блиска иднина сакале или не, заради иднината на целата Европа, но и заради мирот и безбедноста на државите во кои живеат на овие балкански простори ќе мора да се помират, ќе мора да најдат начин на опстанување.“

Мирчев се надева дека споровите меѓу соседните држави на Балканот ќе бидат решени во скоро време.

„Што ќе овозможи овој регион во Европа да се стабилизира конечно, да има една убава перспектива на интегрирање во Европа.“

Во изјавата, по завршувањето на состанокот, Европската унија ја повторува недвосимислената посветеност на европската перспектива на Западен Балкан, која, како што се додава, е клучна за стабилноста и развојот во регионот. Еден од главните приоритети е завршувањето на процесот на помирување на Западен Балкан, како и исполнувањето на потребните критериуми за членство во Унијата.
Во изјавата на Европската унија се наведува дека би можела да се спроведе регионална стратегија за задравување и развој на земјите од Западен Балкан врз основа на главните црти на стратегијата на Унијата до 2020 година.
  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG