Достапни линкови

Опасност од сушење на боровата шума во прилепско


На приближно 500 хектари борови насади во околината на Прилеп, стари и по 4 децении им се заканува сериозна опасност од сушење, затоа што се нападнати од боровиот четник. Невладините организации се загрижени за овој еколошки проблем.

На приближно 500 хектари борови насади во околината на Прилеп, стари и по 4 децении им се заканува сериозна опасност од сушење, затоа што се нападнати од боровиот четник. Состојбата е алармантна и бара итна интервенција од надлежните за заштита од оваа наезда. Невладините организации се загрижени за овој еколошки проблем. Најзагрозени локации во Прилепско се: Песјобрдце, Шаторов Камен, Вештачко Езеро, Алинци и во Мариовско на превалецот Слива.
Констатиравме една навистина катастрофална ситуација, каде што цели стебла беа без зелено игличе на нив. Ние сме загрижени за опстанокот на голем број од тие стебла и за нарушување на целиот, вкупниот амбиент еколошки,
околу Прилеп.

„Констатиравме една навистина катастрофална ситуација, каде што цели стебла беа без зелено игличе на нив. Ние сме загрижени за опстанокот на голем број од тие стебла и за нарушување на целиот, вкупниот амбиент еколошки околу Прилеп, посебно на овие зимзелени шуми кои што се засадени многу одамна, по дваесетина, триесет, а можеби и четириесет години“, вели Тренчо Димитриоски од невладината асоцијација Калеш Анѓа.

Од таму апелираат до државата, да оддвои средства и за перманентна заштита на природните борови шуми, не само за пошумување на голините.

„Засадуваме значи млади стебла за да ги пошумиме голините околу, во нашата средина. Од друга страна цели стебла кои што се дури одреден стопански потенцијал може да се случат да бидат уништени. Апелираме институциите да се мобилизираат во тој правец и да направат некоја посериозна постапка во смисла на заштита на готовите стебла да не се уништуваат“, истакнува Димитриоски.
Засадуваме значи млади стебла за да ги пошумиме голините околу, во нашата
средина.

Од подружницата на Македонски шуми потврдуваат дека состојбите на теренот се загрижувачки. Со оглед на фактот што на барањата до надлежните за хемиски третман на овој штетник биле добивани само ветувања, работниците од прилепската подружница вршеле механичко чистење на боровите стебла. Но, според стручњаците така тешко се постигнуваат бараните резултати. За успешен третман и отстранување на боровиот четник неопходен е комбиниран хемиско механички третман. Поради недостигот на финансии во последната деценија е реализирано само едно авионско третирање пред 6 години, кое сега би чинело околу 350.000 евра.

„Штетата огромна е, бидејќи прирастот многу се намалува. На ниво на Македонија имаме предвидено да се третираат хемиски околу 12,500 хектари, а тоа ќе биде крајот на август односно почеток на септември“, најави Душан Велкоски, заменик раководител на прилепската подружница на Македонски шуми.

Од таму посочуваат дека Шумарскиот факултет како надлежна институција во државата континуирано покажува огромен интерес за решавање на овој еколошки проблем, но недостигале само финансии кои треба да ги обезбеди државата. Појавата на боровиот четник во големи размери е последица на промените на климата и се потоплите зими.
  • 16x9 Image

    Моника Талеска

    Моника Талеска е дипломиран новинар на Интердисциплинарните студии по новинарство во Скопје. Од 2001-та година е дописник на Радио Слободна Европа. Освен тоа, постојан дописник е и на телевизија Телма. Работела како новинар, главен уредник и директор во поранешниот локален Центар за печат, радио и телевизија- Прилеп. 

XS
SM
MD
LG