Достапни линкови

ДУИ и ВМРО ДПМНЕ работат на нерешените прашања


Зградата на Владата на РМ
Зградата на Владата на РМ

Решение на статусот на припадниците на ОНА, ослободување на затворените за случајот „Сопот“ и хашките случаи, се барањата што ДУИ јавно ги испорача до ВМРО ДПМНЕ како услов за релаксирање на меѓуетничите односи. Според информациите, работни групи од двете партии ќе работат на решавање на овие прашања.

Работни групи од ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ работат на нерешените прашања што ги имаат партнерите во коалиционата влада, но нема повеќе детали додека не се решат отворените прашања, велат од ДУИ. Од ВМРО-ДПМНЕ не ја потврдуваат оваа информација, но неколку пати досега изјавиле дека со коалициониот партнер отворено разговараат за сите прашања. Решение за статусот на припадниците на ОНА, ослободување на затворениците од „Сопот“, затварање на хашките случаи, се отворените прашања меѓу двете
Принципот на тајмингот е спорен инаку би било сосема легитимно долку партиите на почетокот од коалцијата се договорат за обврските коишто секоја страна од таа коалција треба да ги сноси. Но, видете, овие барања на ДУИ и беа барања на почетокот од коалцијата.
партии. Дел од овие барања се наоѓаа во предизборната агенда на ДУИ, но повторно станаа актуелни откако Али Ахмети јавно му ги испорача на Груевски како услов да се релаксираат меѓуетничките односи.

За експертите, „политичките пазарења“ не се ништо ново, но спорен е тајмингот. Аналитичарот Петар Арсовски вели дека барањата на ДУИ се поодамнешни, но подобро ќе било доколку меѓусебните барања се усогласат уште на самиот почеток од коалицирањето.

„Принципот на тајмингот е спорен инаку би било сосема легитимно долку партиите на почетокот од коалцијата се договорат за обврските коишто секоја страна од таа коалција треба да ги сноси. Но, видете, овие барања на ДУИ и беа барања на почетокот од коалцијата.“
Лидерот на ДУИ, Али Ахмети

И професор Мерсел Биљали вели дека политиката е најдобар бизнис.

„Комплетно, политиката е еден своевиден пазар и ништо лошо нема во тоа. Лошо има во тоа што наместо на проблемите да им се најде решенија, практично нашите власти на решенијата им наоѓаат проблеми и тука се комплицираат прашањата и во внатрешните односи и меѓукоалициските односи и во однос на меѓународната заедница.“

Несогласувањата меѓу коалиционите партнери во последно време, напуштањето на ДУИ на седници, незадоволството на некои членови од функционирањето на Владата, ги отвараат прашањата за односите меѓу партнерите, велат експерите. За нив е неизвесно како ќе функционира коалицијата понатаму. Распад на коалицијата, предвремени избори или отворено пазарење се можностите меѓу кои можеби ќе се движат алтернативите, прогнозираат експертите.
  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG