Во владејачката ВМРО-ДПМНЕ за сега се воздржуваат од коментар, исто како и во партијата на Бошкоски, Обединети за Македонија. Молчат и во опозицискиот СДСМ и во владејачката ДУИ.
Пресудата на Хашкиот трибунал не сакаат да ја коментираат ни во Нова демократија на Имер Селмани. Висар Рамадани од Нова демократија вели дека пресудите за Бошкоски и Тарчуловски не треба да влијаат на нивното барање, македонските судови да не постапуваат по четирите преостанати хашки случаи.
„Нова демократија и понатаму стои на ставот дека овие случаи треба да бидат затворени и да бидат сметани како случаи од Законот за амнестија и истите да не бидат предмет на понатамошно процесуирање во македонските судови.“
Повлекувањето на хашките случаи од македонските судови е едно од главните барања на партиите од албанскиот политички блок.
Се наметнува прашањето, колку пресудата на Тарчуловски може да влијае на политичката волја овие случаи да не се процесуираат во Македонија. Професор Осман Кадриу вели дека не треба да се поврзуваат процесите против Тарчуловски и Бошкоски со останатите четири хашки случаи вратени во Македонија.
„А по однос на волјата на политичките партии, сметам дека не би требало да биде тоа во директна врска со конкретниот предмет кој сега заврши пред хашкиот суд. Сепак, сметам дека прашањето треба да се гледа правнички, а не политички. Прашањето, значи за овие случаи и за овие дела за кои тече постапката, односно треба да се покрене постапка.“
Жалбениот совет на Хашкиот трибунал денеска ја потврди затворската казна на поранешниот полицаец Јохан Тарчуловски и ослободителната пресуда за поранешниот министер за внатрешни работи Љубе Бошкоски за случајот „Љуботен“.
Претседавачот на жалбениот судски совет ги отфрла жалбите на Јохан Тарчуловски во целост, ги отфрла жалбите на Обвинителството во целост. Ја потврдува ослободителната пресуда за Љубе Бошкоски и затворската казна за Јохан Тарчуловски, рече претседавачот на жалбениот совет.
Овие пресуди се конечни.
Адвокатите на осудениот Тарчуловски, веднаш по изрекувањето на пресудата оценија дека таа е срамна и дека судот заслужува презир.
Тарчуловски е прогласен виновен за наредување, планирање и поттикнување на убиство на тројца албански цивили, безобѕирно уништување на 12 куќи и друг имот и сурово постапување кон 13 албански цивили, за време на полициската акција во Љуботен на 12 август во 2001 година.
Љубе Бошкоски е ослободен од вина.
Тарчуловски ќе остане во притворот на Хашкиот трибунал додека да заврши процедурата за трансфер во затвор во држава што тој ќе ја одбере. Неговите адвокати ќе побараат, Тарчуловски да ја дослужи казната во Македонија.
Тој има за отслужување уште нешто помалку од седум години со оглед на тоа дека во 12-годишната затворска казна ќе му биде пресметано и времето што го поминал во притвор во трибуналот.

А по однос на волјата на политичките партии, сметам дека не би требало да биде тоа во директна врска со конкретниот предмет кој сега заврши пред хашкиот суд. Сепак, сметам дека прашањето треба да се гледа правнички, а не политички.