Достапни линкови

Македонските компании на пазарите во ЦЕФТА


Пазарот на ЦЕФТА
Пазарот на ЦЕФТА

Договорот за либерализација на јавните набавки во земјите-потписнички на ЦЕФТА кој ќе стапи на сила на 1 мај, за македонските компании ќе значи можност за проширување на бизнисот и нивна поголема конкурентност, велат експертите. Договорот на сите земји ќе им понуди еднакви услови, што значи дека ќе престанат да важат правилата кои им нудеа привилегирана позиција на домашните компании во однос на странските при учество на меѓународни тендери.

Оваа новина, ако правилно се примени, ќе значи поголема конкурентност, транспарентност и помала злоупотреба во јавните набавки, вели Герман Филков од невладината организација Центар за граѓански комуникации.
Една позитивна работа е што ќе се зголеми учеството на странските компании во вредноста на јавните набавки во Македонија и соодветно во другите земји, бидејќи сега таа изнесува нешто повеќе од пет проценти од јавните набавки.

„Сето ова ќе значи намалување на цените, бидејќи ќе има поголема конкурентност и ќе се зголеми транспарентноста во трошењето на јавните пари. Една позитивна работа е што ќе се зголеми учеството на странските компании во вредноста на јавните набавки во Македонија и соодветно во другите земји, бидејќи сега таа изнесува нешто повеќе од пет проценти од јавните набавки.“

Според Филков, Македонија има компании кои се подготвени да се наметнат на странскиот пазар и да учествуваат на меѓународните тендери.

„Имаме во неколку гранки такви компании, во фармацијата, во градежништвото особено, кои можат да конкурираат во други земји и да просперираат на тој пазар.“

Претседателот на Сојузот на стопански комори, Митко Алексов вели дека 36 отсто од македонскиот извоз се остварува во земјите членки на ЦЕФТА, што значи дека нашите производи се доволно конкуренти и квалитетни за да се пласираат на тој пазар.

„Во зависност од типот на тендерите сметам дека македонските компании би можеле да аплицираат, да се јават на тендерите, пред се градежната индустрија, металниот сектор, а не смее да се заборави и прехранбениот сектор.“

Оваа година Србија претседава со ЦЕФТА Комитетот, а во неа освен Македонија членуваат и Хрватска, Црна Гора, Босна и Херцеговина, како и Албанија, Молдавија и Косово. Во 2009 година земјава остварила трговска размена од 1,6 милијарди долари со земјите членки на ЦЕФТА, при што извозот бил милијарда долари, а увозот 600 милиони долари.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG