Македонија нема производи со кои може да се наметне на странските пазари велат дел од експертите. Според последните податоци на заводот за статистика земјава двојно повеќе увезува отколку што извезува, односно трговскиот дефицит изнесува околу една милијарда и четиристотини долари. Земјава треба да се труди да создава нови производи, бидејќи освен текстил и метали ние немааме со што друго да конкурираме на странските пазари вели економскиот аналитичар Џевдет Хајредини.
„Македонија нема некои компаративни предности, природни погодности за да има некој атрактивен производ. Треба да се бори да создаде производи со свој ум. На Македонија и требаат конкурентни производи на европскиот пазар кој се знае какви производи бара.“
Оние малку фирми кои веќе ги извезуваат своите производи успеале поради инвентивноста и комуникацијата со други фирми од надвор вели регионалниот претседател на конфедерацијата на работодавачи Миле Чуперески. Нивниот пример треба да го следат и другите додава тој.
„За да имаме поголем извоз ни треба подобро поврзување. Нас ни недостасува имплементација на минимум стандарди за освојување на пазарот и стандарди кои секако влијаат на квалитетот на производот кој би го понудиле на европскиот пазар.“
Потребни се и странски инвестиции во земјава, кои ќе го зголемат извозот. Но за да дојде една интренационална компанија да работи во Македонија треба најпрвин да се решат низа проблеми, а дотогаш ќе тапкаме во место вели Хајредини.
„Ние не успеавме како држава да создадеме поволни услови за инвестирање. Не можеме да создадеме правна стабилна држава, независно судство, функционална администрација.“
Според експертите доколку трговскиот дефицит, остане и понатаму ист може да се наруши и стабилноста на денарот.
Македонија нема некои компаративни предности, природни погодности за да има некој атрактивен производ. Треба да се бори да создаде производи со свој ум. На Македонија и требаат конкурентни производи на европскиот пазар кој се знае какви производи бара
„Македонија нема некои компаративни предности, природни погодности за да има некој атрактивен производ. Треба да се бори да создаде производи со свој ум. На Македонија и требаат конкурентни производи на европскиот пазар кој се знае какви производи бара.“
Оние малку фирми кои веќе ги извезуваат своите производи успеале поради инвентивноста и комуникацијата со други фирми од надвор вели регионалниот претседател на конфедерацијата на работодавачи Миле Чуперески. Нивниот пример треба да го следат и другите додава тој.
„За да имаме поголем извоз ни треба подобро поврзување. Нас ни недостасува имплементација на минимум стандарди за освојување на пазарот и стандарди кои секако влијаат на квалитетот на производот кој би го понудиле на европскиот пазар.“
Потребни се и странски инвестиции во земјава, кои ќе го зголемат извозот. Но за да дојде една интренационална компанија да работи во Македонија треба најпрвин да се решат низа проблеми, а дотогаш ќе тапкаме во место вели Хајредини.
За да имаме поголем извоз ни треба подобро поврзување. Нас ни недостасува имплементација на минимум стандарди