Достапни линкови

Глобален растеж - побргу од предвиденото


Министри и Гувернери на Централни Банки на Г 20 на средбата во Вашингтон 23.04.2010
Министри и Гувернери на Централни Банки на Г 20 на средбата во Вашингтон 23.04.2010

Глобалните финансиски лидери сметаат дека глобалната економија се извлекува од кризата побргу од очекувањата и покрај растечката загриженост од грчката должничка криза. Ова е заклучокот од министерскиот состанок на Г-20 во Вашингтон.

Министрите за финансии на Групата од 20 најразвиени и растечки економиии потврдија дека нивната цел е балансиран економски раст и се обврзаа поединечно да развијат сигурна стратегија за излез од кризата, се вели во заедничката изјава издадена по состанокот во Вашингтон.

„Ние, министрите за финансии и гувернерите на централните банки на Групата 20 се сретнавме во Вашингтон за да се обезбедиме светската економска обнова и транзиција кон силен, долготраен и балансиран економнски растеж “,

Канадскиот министер за финансии Џим Флаерти изјави.
Глобалната економија се опоравува и подобро од очекувањата главно поради напорите без преседан на Г-20 .


„Реформите во финансискиот сектор се во тек. Државите продолжуваат да придонесуваат дополнителни ресурси во меѓународните финансиски институции како ММФ и Светската Банка. Глобалната економија се опоравува подобро од очекувањата, главно поради големите напори без преседан на Г-20.“

Според министрите, некои земји треба да ги продолжат напорите за закрепнување, а сите мора да воспостават план за излегување на кризата кој ке содржи итни мерки за подршка на економијата.

„Сите ние треба да донесеме веродостојна стратегија за излез од кризата со мерки за макроекономска и финансиска поддршка прилагодени на специфичните услови на секоја земја која мора да ги земе предвид последиците кои би можеле да имаат врз некоја друга земја.“

Министрите, меѓу другото, на средбата во Вашингтон, побараа Меѓународниот монетарен фонд да ја продолжи својата работа врз оданочувањето на финансискиот сектор.

Околу истата цел за одржлив и балансиран раст се залагаа и шефовите на држави и влади за време на самитот на Г-20, кој се одржа во септември во Питсбург.

Проблемот на грчката должничка криза

Грчкиот Премиер формално побара помош од ММФ и ЕУ


Иако Грција, официјално, не беше на дневен ред поголемиот дел од состанокот во Вашингтон беше посветен на продлабочената грчка должничка криза. Грција, имено побара 45 милијарди евра помош од ЕУ и ММФ, што ако ги добие ќе биде најголема помош досега на некоја земја. Министрите за финансии на Г-20 се заложија да не се дозволи долг на една земја да биде закана за другите.

Канадскиот министер Флаерти:

„Ние мора да продолжиме да работиме врз по умна и по ефективна регулатива која ке ги редуцира ризиците од една сфера да се прошири врз целиот глобален финансиски систем.“

На состанокот во Вашингтон, од друга страна, не беа надминати разликите околу предлозите за нови даноци за банките со цел да бидат заштитени даночните обврзници од потенцијални идни пакети помош.
  • 16x9 Image

    Зоран Ќука

    Во Слободна Европа во Прага е од нејзиното формирање на 1 Септември 2001 година. Кариерата ја започна во Македонското радио, па следат ТВ - А1 и ТВ Телма, со истовремена дописничка работа за Радио и ТВ Босна и Херцеговина, Загребското Независно 101 Радио, и Љубљанското Студент Радио.

XS
SM
MD
LG