Достапни линкови

Македонско претседателство со Советот на Европа


Министерот Милошоски се сретна со генералниот секретар на Советот на Европа Торбјорн Јагланд
Министерот Милошоски се сретна со генералниот секретар на Советот на Европа Торбјорн Јагланд

Македонско претседателство со Комитетот на министрите на Советот на Европа, ова име ќе се користи за време на шестмесечното претседавање на Македонија со најстарата паневропска организација, кое ќе започне во мај годинава. Денеска министерот Антонио Милошоски се сретна со генералниот секретар на Советот на Европа Торбјорн Јагланд.

„Macedonian Chairmanchip 2010“ односно Македонско претседателство со Комитетот на министрите на Советот на Европа - ова име ќе се користи за време на шестмесечното претседавање на земјава со најстарата паневропска организација, кое ќе започне во мај годинава. Тоа го потврди министерот за надворешни работи Антонио Милошоски по средбата со генералниот секретар на Советот на Европа Торбјорн Јагланд, кој е во дводневна посета на Скопје. Милошоски изрази задоволство што Советот ја прифатил позицијата на владата да се користи уставното име на Македонија, но дека земјата сака да биде запаметена по нејзината работа во текот на претседавањето.

„Македонското претседателство со Советот на Европа сака за шест месеци да биде препознатливо по реформите, приоритетите,
Јас цврсто верувам дека доколку и двете земји, Грција и Македонија се однесуваме на прагматичен начин може да ја искористиме оваа шанса за време на нашето претседавање со Советот на Европа, да докажеме дека тука во Југоисточна Европа можеме да придонесеме повеќе во реална смисла на приоритетите на Советот на Европа.
конференциите и достигнувањата. Тоа можеме да го направиме со Генералниот секретар, со сите земји членки, вклучувајќи ја и Грција.“

Јагланд вели дека не се сомнева оти претседавањето на земјава ќе биде успешно. На прашањето дали има проблем да го користи уставното име на Македонија тој ниту потврди ниту негираше:

„Јас не сум тој што му одобрува на некој да го користи ова или она име. Морам да се држам до одлуките што ги носи организацијата со која раководам.“

Милошоски вели дека нема да биде изненаден ако Грција се противи на употребата на името македонско претседателство и дека тоа е проследување на веќе етаблираната пракса во многу комитети во Советот на Европа во која сите човекови права и правдата и демократијата се втемелени.

„Јас цврсто верувам дека доколку и двете земји, Грција и Македонија се однесуваме на прагматичен начин може да ја искористиме оваа шанса за време на нашето претседавање со Советот на Европа, да докажеме дека тука во Југоисточна Европа можеме да придонесеме повеќе во реална смисла на приоритетите на Советот на Европа.“

Приоритетите на Македонија за време на претседателството кое ќе го преземе од Швајцарија ќе бидат владеење на правото, имплементација на одлуките за човекови права, социјална инклузија на сите маргинализирани групи во повеќе држави во Европа, поголемо вклучување на младата генерација во социјалните, политичките и општествените текови на демократските општества, со посебно внимание на прашањето на Ромите.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG