Достапни линкови

Позициите исти, нема напредок


Нова фотографија, стари позиции - премиерите на Македонија и Грција Груевски и Папандреу
Нова фотографија, стари позиции - премиерите на Македонија и Грција Груевски и Папандреу

Шефот на македонската дипломатија Антонио Милошоски потврди дека по вчерашната премиерска средба, позитиите на Македонија и Грција останале исти. Политичките партии бараат внатрешен консензус за името, а опозицијата смета дека владата нема јасни позиции во спорот за името

Во најголем дел, позициите меѓу двете страни во спорот за името остануваат исти, потврди и денеска министерот за надворешни работи Антонио Милошоски, по вчерашната средба Груевски-Папандреу во Брисел. Единствен напредок може да се забележи во
Кај сегашните наши колеги може да видиме поголемо расположение, за средби, за ракувања и за фото сесии, но за жал сеуште го немаме почувствувано моментот за суштинско согледување на прагматизмот како начин да се надмине ова прашање
принципот дека ова билатерално прашање треба да биде што поскоро надминато на начин којшто ќе ги задоволи двете страни, вели Милошоски.

„Ние како Влада на Република Македонија можеме да направиме споредба, помеѓу претходната и оваа грчка политичка гарнитура. Кај сегашните наши колеги може да видиме поголемо расположение, за средби, за ракувања и за фото-сесии, но за жал, се уште го немаме почувствувано моментот за суштинско согледување на прагматизмот како начин да се надмине ова прашање.“

За политичките партии во земјава, средбата Груевски-Папандреу, покажа и дека во овој момент е наопходно најпрвин да се изгради јасен став во рамките на политичките субјекти во земјава. Особено поради најавата на новата рунда разговори што ја најавува медијаторот Нимиц со преговарачите од двете страни за наредниот месец. Тахир Хани од владејачката ДУИ потенцира дека решението мора да се изнајде преку изграден компромис, најпрвин внатре во државата.

„Прво внатре во Република Македонија. Очекувам може, тоа јас го кажувам, но треба малку поотворено да се говори за оваа проблематика, затоа што во недоглед со оваа ситуација не може да се продолжи.“
Обично владата знае кога има нешто да го пушти во јавноста, да го преиспита мислењето, но овде никако нема став по ова прашање


Според опозицискиот СДСМ, владата треба да има некаков конкретен предлог за којшто ќе бара согласност од останатите политички субјекти во земјата. Меѓутоа, како што велат од оваа партија, и третата директна средба Груевски - Папандреу вчера во Брисел покажа дека таков конкретен предлог нема.

„Обично владата знае кога има нешто да го пушти во јавноста, да го преиспита мислењето, но овде никако нема став по ова прашање“
Ние мислиме дека се додека не се каже официјален став на опозицијата, на целата јавност, на експертите на тие што може да придонесат во овој процес, не може да се каже дека став се има само со изјавите што се даваат при јавните настапи
, изјави Зоран Заев од СДСМ.

И Нова демократија на сличен став - потребен е конкретен став и лидерска средба на којашто партиите ќе знаат околу што ќе се консултираат. Во моментов Македонија делува како да нема позиција во целиот процес, а таква позиција може да биде дефинирана, не преку изјави дадени за медиумите, туку само доколку бидат информирани сите релевантини субјекти во земјава.

„Ние мислиме дека се додека не се каже официјален став на опозицијата, на целата јавност, на експертите на тие што може да придонесат во овој процес, не може да се каже дека став, се има само со изјавите што се даваат при јавните настапи“, изјави Аријанит Хоџа од Нова демократија.
XS
SM
MD
LG