Достапни линкови

Република Северна Македонија ?


Повторно во Брисел - премиерот Никола Груевски
Повторно во Брисел - премиерот Никола Груевски

Македонскиот премиер Никола Груевски денеска ќе се сретне со неговиот грчки колега Јоргос Папандреу на маргините на Самитот на Европската Унија во Брисел. Тој вчера се сретна со претседателот на Европскиот Совет, Херман Ван Ромпуј, а потоа и со претседателот на Европксиот парламент, Јержи Бузек. Експертите, на овие средби, гледаат како на обид да се најде компромисно решение за името.

Македонскиот премиер Никола Груевски вчера се сретна со Претседателот на Советот на ЕУ Херман Ван Ромпуј и со Претсeдателот на Европскиот парламент Јиржи Бузек, јави МИА. На средбите присуствувал известувачот за Македонија Зоран Талер кој потоа изјави дека идејата за средба меѓу Груевски и грчкиот премиер Јоргос Папандреу e позитивна.
Премиерот Груевски е придружуван од министерот за надворешни работи Антонио Милошоски. Експертите, на овие средби
Додека ние не видиме и не забележиме дека нешто во домашната политика битно се менува мислам дека не може да се очекува од надворешните притисоци да се оствари тоа очекувано поместување.
гледаат како на продолжување на меѓународните притисоци или дел од обидот да се најде компромисно решение за името што е пречка за реализирањето на европската агенда. Професорот и поранешен министер за надворешни работи, Денко Малески, во денешниве средби, гледа како на дел од серијата такви и за нивен успех смета дека е потребно да се исполнат и некои домашни предуслови.

„Додека ние не видиме и не забележиме дека нешто во домашната политика битно се менува, мислам дека не може да се очекува од надворешните притисоци да се оствари тоа очекувано поместување.“

Фокусот секако ќе биде насочен кон утрешната средба Груевски-Папандреу, за која иницијативата која произлезе од македонскиот премиер беше прифатена и од грчка страна по неколкуте изјави дека таа треба и сериозно да се подготви. Дали ваквите изјави ќе не доведат и до нови информации од утрешната средба во Брисел, од македонска страна не се коментираше, а премиерот само кусо изјави дека е неблагодарно да се прогнозира успехот на средбата со оглед на тоа што станува збор за тежок и многу сериозен проблем. Сите конкретни најави завршуваат со изјавата на шефот на дипломатијата Милошоски дека секоја размена на идеи и мислења може да биде полезна за билатералниот спор. Според очекувањата на експертите и утрешната средба нема да биде многу подалеку од досегашната намера да се покаже добра волја.

„Сакаат да покажат дека немаат проблем со средби со македонската страна, сакаат да покажат дека сакаат компромис, но бидејќи од средбите нема резултат како што очекуваме, можат да покажат со прст дека ние отидовме на пол пат и прифаќаме име Македонија итн., но тие посегаат по нашата култура, нашиот идентитет.“

Случано или намерно во пресрет на бриселските средби и на пролетниот самит на ЕУ, алтернативниот шеф на дипломатијата, Димитрис Друцас излезе со изјавата дека името Република Северна Македонија е прифатливо за Грција. Македонската страна на ова реагираше како на веќе познат грчки став кој не ја изложува вистинската димензија на проблемот, а тоа е задирањето во македонскиот идентитет, што како што и денеска тврдат од македонското министерство за надворешни работи е сепак дел од поширокиот пакет предложен од медијаторот Нимиц за надминување на спорот.
XS
SM
MD
LG