Кичевчанецот Мирко Мицковски шест години е без работа, откако во „Тане Целески“, единствената фирма за навојни производи во Кичево, била отворена стечајна постапка. Во виорот на транзицијата, со 20 години стаж, без работа и никаков надоместок е и неговата сопруга. Па сега, четиричленото семјество маки мачи да врзи крај со крај во месецот, да ги платат сметките за струја, вода, телефон... да преживеат.
„Сега живееме од собирање на шумски плодови, доколку некој те викне да копаш канали, така некои работни отпадни, кои никој не ги прифаќа“, вели Мицковски.
Но, судбината на овој стечаен работник ја делат стотици други граѓани, зашто Кичево се соочува со невидена социјална депресија и економски колапс. Од 31.000 жители вработени се едвај 5000 граѓани и тоа во РЕК Осломеј, Тајмиште и дел во државната администрација. Армијата невработени кичевчани е уште поголема. Луѓето се разочарани и тврдат дека се наоѓаат во безизлез.
„Ништо не работи, ништо не функционира во Кичево. Катастрофа е“, се жали Ирфан Шејдоски.
Младите велат без работа и без пари не можат да го планираат својот живот. Тоа е причина што најголем број од нив по заминување на факултет, не се враќаат во родниот крај. А, оние што остануваат во Кичево живеат во монотоно секојдневие.
„И Кичево некако многу жалосно, но како град многу тоне надолу. Нема услови.“
„Секој ден е едно исто, пиеш кафе, правиш едно ливче спортска, толку од денот, наредниот ден истото. Од 99 посто од младите така е. Да има нешто да се отвори, некоја фабрика, па после се ќе си дојде на ред“, изјавија Златко Спироски и Живко Спасеноски.
Се жалат и кафанџиите. Секој ден има нови отпуштања од работа, со примената на новиот закон против пушење.
„Значи мора да се измени нешто, лошо е инаку, не може вака. Отпушени се, ние работиме, значи ние смени држиме. Четворица имавме и ги отпуштивме“, реагира Слободан Митаноски, сопственик на кафе бар.
Единствена поддршка на младите се нивните родители.
„Јас сум еден од тие малку поголеми пензии, што имам. Другите не работат во фамилијата, синот, снаата ги издржуваме ние“, вели пензионерот Даут Мехмеди
Тој додава дека единствената перспектива на градот е во отворање на нови производствени капацитети. Привлекување на свежи домашни и странски инвестиции е интенцијата на градоначалникот Благоја Деспотовски.
„Да ја оформиме слободната индустриска зона во Кичево. Да отвориме некој нов капацитет и ќе понудиме на сите се што имаме, се со една цел да вработиме што е можно повеќе луѓе. Затоа што штета е град со толку богаства да е толку сиромашен.“
Инаку, Кичево и околината располагаат со многу неискористени природни ресурси: вода, шумски богатства, железна руда, јаглен, манган, злато и бакар, но за жал досега државата немала стратегија за развој на градот со колабирано стопанство.
Сега живееме од собирање на шумски плодови, доколку некој те викне да копаш канали, така некои работни отпадни, кои никој не ги прифаќа
„Сега живееме од собирање на шумски плодови, доколку некој те викне да копаш канали, така некои работни отпадни, кои никој не ги прифаќа“, вели Мицковски.
Но, судбината на овој стечаен работник ја делат стотици други граѓани, зашто Кичево се соочува со невидена социјална депресија и економски колапс. Од 31.000 жители вработени се едвај 5000 граѓани и тоа во РЕК Осломеј, Тајмиште и дел во државната администрација. Армијата невработени кичевчани е уште поголема. Луѓето се разочарани и тврдат дека се наоѓаат во безизлез.
„Ништо не работи, ништо не функционира во Кичево. Катастрофа е“, се жали Ирфан Шејдоски.
Секој ден е едно исто, пиеш кафе, правиш едно ливче спортска, толку од денот, наредниот ден истото. Од 99% од младите така е.