Со новиот закон, здравствено осигурување ќе добијат повеќе од 30 милиони Американци кои во моментов го немаат. Исто така, со новата легислатива, која е компромис меѓу различните верзии на истиот закон што кон крајот на минатата година ги донесоа Сенатот и Претставничкиот дом, таканаречената здравствена индустрија ќе работи според поинакви прописи. Имено, на осигурителните комапнии ќе им биде забрането да го прекинуваат осигурувањето поради здравствената состојба на клиентот. Се очекува, сега американскиот претседател Барак Обама, за кој здравствените реформи беа врвен приоритет, да го потпише документот.
„За повеќето Американци, оваа дебата никогаш не била за нешто апстрактно, односно борба меѓу десното и лево, републиканците и демократите. Тоа секогаш е нешто многу повеќе од лично.“
изјави претседателот Обама, по гласањето во Конгресот, прецизирајќи што всушност значат реформите:
„Тоа е за секој Американец кој го знае шокот од отворањето на ковертот за да види дека неговата премија повторно е погодена од кризата. Тоа е за секој родител кој го знае очајот при обидот да го лекува своето хронично заболено дете. Тоа е за секој сопственик на мал бизнис принуден да избира меѓу осигурувањето на вработените и продолжувањето на бизнисот.“
рече Обама, за кого евентуалното непоминување на законот ќе претставуваше голем неуспех на неговата администрација за можеби најклучното прашање од домашната политичка агенда.
„Оваа легислатива нема да го поправи сето она што го погодува нашиот здравствен систем, но таа решително не придвижува во вистински правец. Ова е она како изгледаат промените.“
Републиканците беа против ваквата мерка со образложение дека таа е премногу скапа. Се проценува дека трошоците на реформата би можеле да бидат околу 940 милијарди долари во наредните десет години. Републиканците се залагаа и за поголема улога на владата во здравствениот систем. Впрочем, ниту еден од републиканците не гласаше за новиот закон. Станува збор за прва поголема социјална реформа во Соединетите Држави од 1965 година кога мина законот за здравствената заштита на повозрасните лица. Здравствената реформа беше цел на повеќе американски претседатели во изминативе неколку децении, но таа се покажа за неостварлива, делумно и поради самоувереноста на силната централна влада во Соединетите Држави.

Оваа легислатива нема да го поправи сето она што го погодува нашиот здравствен систем, но таа решително не придвижува во вистински правец. Ова е она како изгледаат промените.